Неформални групи

Понеделник, 11 март 2019 година

Учество на Собраниска делегација на Десеттата седница на Парламентот на жените во Црна Гора

На меѓународниот ден на жената 8 Март,  денот кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите делегација составена од: претседателката на Клубот на пратенички на Собранието на Северна Република Македонија, г-ѓа Ѓулумсер Касапи;  генералниот секретар на Собранието на Северна Република Македонија, г-ѓа Цветанка Иванова – поранешна пратеничка и координаторка на Клубот на пратенички и пратеничката Весна Дамчевска-Илиевска на покана на Комитетот за родова еднаквост  присуствуваше на: Десеттата седница на Парламентот на жените, во Собранието на Република Црна Гора.

Седницата беше посветена на разгледување на состојбата на жените во земјите од Западен Балкан во контекст на усвојувањето на резолуцијата за правата на жените во Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Северна Република Македонија, Албанија и Косово), на седницата на Комитетот за правата на жените и родовата еднаквост (FEMM) на Европскиот парламент .

Седницата ја отвори претседателот на Собранието на Црна Гора, Иван Брајовиќ со констатацијата дека барања за зголемување на политичкото учество на жените, поголема економска независност и целосна заштита од каква било форма на насилство никогаш не биле само барањата на жените, туку дека  всушност тоа  се условите и обврските на секое современо општество. 

Претседателката на Клубот на пратенички, г-ѓа Ѓулумсер Касапи  имаше свое обраќање кое го започна  со тоа што истакна дека: жената треба да се почитува и поддржува секој ден од годината, а 8-ми март, Меѓународниот ден на жената е само добар потсетник за многу жени кои решиле да го кренат гласот и да се спротивстават на „општествените правила“.

Во совето понатамошно обраќање укажа дека Клубот на пратенички при Собранието на Република Северна Македонија, делува со заедничка и единствена цел - преку законски решенија да се постигне родова еднаквост и унапредување на правата на жените, нивно активно вклучување во процесот на одлучување во државата како и зајакнување и ширење на демократијата во сите сфери на македонското општество. 

Истакна  дека  е горда  што  може  да се пофали  со досегашните достигнувања и резултатот од работата на Клубот за кој се залагаа пратеничките од претходните мандати и жените пратенички од сегашниот пратенички состав. Напомена неколку достигнувања од досеганшниот период.

Касапи беше децидна дека Клубот на пратенички тука не застанува, туку продолжува заедно со сите жени во регионот, затоа што на регионот му се потребни жените за промена на целокупниот амбиент на живот.

Своето обраќање го заврши со изреката  на Луис Отто-Пeтерс (германски активист за женските права која гласи: “Историјата на сите времиња, особено на денешницата, не учи дека жените би биле заборавени доколку заборават да мислат на себе”.  Таа порача оваа изрека да биде поттик за сите жени да остават  свој печат во историјата како борци за женските права.

Click