Неформални групи

Среда, 17 април 2019 година

Заменик-генералниот секретар Милковски на средба со својот српски колега Маринковиќ

Заменик-генералниот секретар на Собранието на Република Северна Македонија, Мики Милковски, оствари средба со својот колега Бранко Маринковиќ од Собранието на Република Србија, што се одржа на 16 април во Белград, Република Србија.

На состанокот, Милковски и Маринковиќ разговараа за натамошна поблиска соработка меѓу службите на двата Парламента, при што разменија мислења за можностите за заемна помош околу подобрувањето и унапредувањето на парламентарните практики, квалитетот во работењето на службите, прилагодувањето кон потребите кои произлегуваат во пристапниот процес кон Европската Унија, улогата на парламентот и службите во овој процес, како и за можностите за размена на искуствата.  

Click