Неформални групи

Понеделник, 3 јуни 2019

Знамето на НАТО поставено на јарбол пред Собранието на Република Северна Македонија

Со посетата на Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и на Северноатлантскиот совет, пред Собранието на Република Северна Македонија и официјално беше поставено знамето на Алијансата.

Пред собраниската зграда, заедно со државното знаме сега се вее и знамето на НАТО, каде се очекува Република Северна Македонија да стане триесеттата земја членка.

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија Талат Џафери, синоќа беше домаќин на целото раководство на НАТО, предводено од Генералниот секретар Столтенберг.

Тој изрази задоволство што е домаќин на Северноатланскиот совет, што за нашата држава претставува своевидно признание и потврда дека заслужено стануваме членка на НАТО Алијансата.

Генералниот секретар на НАТО Столтенберг, во  оваа прилика,  порача дека со нетрпение чека Северна Македонија да стане триесеттата членка на Алијансата и да го види нашето знаме развеано пред седиштето на НАТО во Брисел, како и пред  мисиите и операциите насекаде низ светот. 

Click