Четврток, 14 септември 2017 година
Јавна расправа на тема: „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес“
Денеска (14 септември 2017год.,), Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Македонија одржа јавна расправа на тема: „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес“.
Претседателот на Комисијата, г. Артан Груби, го потенцира значењето на Договорот за основање на регионална канцеларија за младинска соработка, со кој се трасира патот за основање на институционален механизам за регионална соработка на граѓанското општество, и се промовира мобилност, активно граѓанство и интеркултурно учење во духот на процесот на европската интеграција.