Вторник, 29 октомври 2019 година
Средба на претседателот Џафери со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и Пратеничката група за соработка со Парламентот на Република Турција, во состав: Енес Ибрахим, претседател; Амди Бајрам, Јусуф Хасани, Теута Биљали и Драган Цуклев, членови на Пратеничката група, денеска остварија средба со делегација од Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО), предводена од претседателот на МАТТО, Ајдован Адемоски, а во чиј состав беа потпретседателот Есер Џевахир, замениците на претседателот - Имер Селмани и Турхан Адеми и извршниот директор Шахпаз Молалиев.