Понеделник, 10 февруари 2020 година
Груби - Валдман: Нова надеж за почеток на преговорите оваа пролет
Претседателот на Комисијата за европски прашања на Собранието на Република Северна Македонија, Артан Груби, со членовите на Комисијата: Бетиане Китев, Магдалена Манаскова, Елизабета Канческа-Милевска и Теута Билали, имаа средба со делегација на Постојаната комисија за европски прашања на Холандскиот парламент, предводена од претседателот на Комисијата, Хајке Велдман, во придружба на членот на Комисијата, Ане Мулдер и амбасадорот на Кралството Холандија во земјава, Н.Е. Дирк Јан Хол.