Среда, 20 февруари 2019 година
Џафери-Карајанчева: Ратификација на Протоколот е значаен чин за граѓаните на двете држави
Денеска, Собранието на Република Бугарија, едногласно со 139 гласа „за“, го ратификуваше Протоколот на Северноатлантскиот сојуз за членство на Република Северна Македонија.
По ратификацијата, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери и неговата колешка Цвета Карајанчева, одржаа прес-конференција на која го искажаа задоволството од свечениот чин на ратификација, кој е значаен за граѓаните на двете држави.