Четврток, 23 септември 2021
Осумнаесетта седница на Комисијата за транспорт, врски и екологија
Комисијата за транспорт, врски и екологија на Собранието, на денешната 18. седница, како матично работно тело, во скратена постапка, го разгледа Предлог-законот за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај.
На седницата на Комисијата, во својство на претставник на Владата, присуствуваше Беким Реџепи, заменик на министерот за транспорт и врски.
Претседателот на Комисијата, Владо Мисајловски, ги извести пратениците дека во определениот рок утврден со Деловникот на Собранието, не се поднесени амандмани по Предлогот на законот.
Во дискусија по Предлог-законот учествуваа пратениците: Бојан Стојаноски, Владо Мисајловски и Диме Велковски.
По расправата, Комисијата го проследи овој Предлог-закон на натамошна постапка во Собранието на Република Северна Македонија.