Понеделник, 11 октомври 2021
Обраќање на потпретседателот Горан Мисовски по повод 11 Октомври
Задоволство ми е денес да ве поздравам сите присутни тука во овој Меморијален комплекс и да го честитам, од име на претседателот Џафери, колегите пратеници на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име овој значаен јубилеј, 80-годишнината од денот на народното востание - 11 Октомври, со кој се одбележува чинот на одлучното спротивставување на најголемото зло во историјата на човештвото, фашизмот, политичката идеологија која донесе само загуби, болка и уништување и не соочи сите со темната страна на човекот и огромната и разорна моќ на таа страна.