Вторник, 2 февруари 2021
Обраќање на претседателот Џафери на Работниот состанок на Интерпартиската парламентарна група (ИППГ)
Дозволете да изразам задоволство што денес сме собрани тука во вака голем број пратеници, припадници на различните пратенички групи застапени во Собранието на Република Северна Македонија. Гледам колеги од власта, од опозицијата, поголеми, помали пратенички групи, со различни идеологии, различни програми, а сепак сите тука обединети и собрани за една единствена цел, односно, повторно да заживее и да продолжи ентузијазмот што владееше при донесувањето на Декларацијата за правото на политичко учество на граѓаните со попреченост, којашто е патоказот кој што треба да се следи за да се постигнат заедничките стандарди за остварување на политичкото учество на лицата со попреченост, како што е почитувањето на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост, Пекиншката декларација и платформата за акција како и насоките од Општиот коментар бр. 6 за еднаквост и недискриминација и Општиот коментар број 3. за жените и девојчињата со попреченост, издаден од Комитетот за правата на лицата со попреченост на Обединетите нации.