Пленарни седници



6 март 1996 година

Четириесетта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Оставка на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Стојан Андов;

2. Избор на претседател на Собранието на Република Македонија;

3. Предлог на закон за научно-истражувачката дејност;

4. Предлог за донесување на закон за Македонската академија на науките и уметностите, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за одбележување и уредување на гробиштата и гробовите на борците погребани на територијата на Република Македонија и во странство, како и на припадниците на странските армии од поранешните војни на територијата на Република Македонија, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на учесниците во НОБ, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за правата на воените инвалиди и членовите на нивните семејства и членовите на семејствата на паднатите борци, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за поттикнување на развојот на земјоделството, со Предлог на закон;

9. Нацрт на закон за тутунот;

10. Барање за издавање на автентично толкување на член 4 од Законот за заштита од пушењето, поднесен од претставништвата во Скопје на Филип Морис и Романс Оф Пал Мал;

11. Предлог на одлука за огласување избор на судии на основните судови.


стенографски белешки  40 седница 6 март 1996

стенографски белешки  40 седница 1 продолжение 7 март 1996

стенографски белешки  40 седница 2 продолжение 13 март 1996

Click