Пленарни седници



2 март 1996 година

Четириесет и втора седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за постапката за собирање потписи на избирачи за предлагање донесување на закон, за распишување на референдум и за поднесување предлог за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија;

2. Предлог за донесување на кривичен законик;

3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за Народната банка на Република Македонија, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за санација и реконструирање на дел од банките во Република Македонија, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за банките и штедилниците, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за овластување организација за изработка на пригодни ковани пари, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Француската Република за уредување на состојбата во меѓународните договори меѓу Република Македонија и Француската Република, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за трговска и стопанска соработка меѓу Македонската влада и Швајцарскиот федерален Совет, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската влада и Швајцарскиот федерален совет за репрограмирање на македонскиот долг, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за сметање на времето, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за здравствената заштита, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за здравствената заштита, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за набавување, поседување и носење на оружје, со Предлог на закон;

14. Избор на судии на апелационите судови во Скопје, Битола и Штип;

15. Предлог на одлука за распуштање на Собранието на Република Македонија, со Предлог на заклучок;

16. Предлог на одлука за основање на Анкетна комисија на Собранието на Република Македонија за утврдување на текот и состојбата од истрагата што се води во врска со атентатот врз претседателот на Републиката, господин Киро Глигоров;

17. Предлог на одлука за огласување именување на јавен обвинител на Република Македонија;

18. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Стоматолошки клинички центар – Скопје;

19. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Завод за физикална медицина и рехабилитација Ц.0. - Скопје;

20. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Здравствена станица на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Скопје.


стенографски белешки  42 седница 28.3.1996

стенографски белешки  42 седница 1 продолжение 2.4.1996

стенографски белешки  42 седница 2 продолжение 3.4.1996

стенографски белешки  42 седница 3 продолжение 11.4.1996

Click