Пленарни седници



26 јуни 1996 година

Четириесет и деветта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог за донесување на закон за дополнување на Законот за основното образование, со Предлог на закон;

2. Предлог за донесување на закон за дополнување на Законот за средното образование, со  Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за Парнична постапка;

4. Предлог за донесување на закон за наследување;

5. Предлог за донесување на закон за вршење на нотарските работи;

6. Предлог на завршна сметка на буџетот на Република Македонија за 1995 година;

7. Предлог на одлука за зачленување на Република Македонија во Европската конференција за цивилно воздухопловство;

8. Предлог на одлука за разрешување на генералниот директор на радиодифузното претпријатие Македонска радио  телевизија и Предлог-одлука за именување на директор;

9. Предлог за разрешување на судија на Општинскиот суд во Куманово;

10. Избор на претседатели на апелационите судови во Скопје, Битола и Штип;

11. Избор на судии во основните судови;

12. Предлог на одлука за огласување именување на јавни обвинители на вишите јавни обвинителства и јавни обвинители на основните јавни обвинителства;

13. Предлог на одлука за огласување именување на заменици на јавниот обвинител на Република Македонија, заменици на вишите јавни обвинители и заменици на основните јавни обвинители;

14. Барање за давање автентично толкување на членовите 29 став 1 точка 1, 91 и 92 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 52/95),поднесено од Републичкиот одбор на месните заедници на Република Македонија;

15. Барање за давање автентично толкување на член 121-а став 1 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија" број 14/95) , поднесено од Претпријатието за внатрешен и надворешен промет „Зегин“ на Друштвото со ограничена одговорност -  Скопје;

16. Предлог на одлука за разрешување и именување претседател и членови на Одборот за доделување на наградата „Мито Хаџи Василев – Јасмин“;

17. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор во Здравствениот дом „Ростуше“ - Ростуше;

18. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор во Болницата за нервни и душевни болести Бардовци“ - Скопје;

19. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор во Заводот за здравствена заштита во Битола;

20. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор во Заводот за здравствена заштита во Охрид;

21. Предлог на одлука за именување претседател , членови и нивни заменици на Арбитражната комисија за решавање на споровите што ќе настанат меѓу здравствената организација и Фондот за здравствено осигурување;

22. Предлог на одлука за разрешување од функцијата член на Советот на Народната банка на Македонија;

23. Предлог на одлука за разрешување и именување претставници на Републиката во Советот на Работната организација за производство на филмови „Вардар-филм“ - Скопје;

24. Предлог на одлука за определување раководител и членови на Анкетната комисија за утврдување на одговорноста за увоз на домати и краставици во Република Македонија во текот на 1995 и 1996 година;

25. Предлог на одлука за основање на пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Европскиот парламент;

26. Информација за спроведување на некои прописи од областа на материјалното обезбедување на борците-земјоделци што примаат старосна пензија во нашата држава и

27. Информација за остварениот откуп и пласман на раноградинарските производи.


стенографски белешки  49 седница 26.6.1996

стенографски белешки  49 седница 1 продолжение 27.6.1996

стенографски белешки  49 седница 2 продолжение 17.7.1996

Click