Пленарни седници



17 јули 1996 година

Педесетта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Интерпелација за работата на членот на Владата на Република Македонија и министер за внатрешни работи д-р Томислав Чокревски;

2. Предлог на кривичниот законик;

3. Предлог на закон за царинска тарифа;

4. Предлог на закон за јавните претпријатија;

5. Предлог на закон за приватизација на државниот капитал во
претпријатијата;

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија;

7. Предлог за донесување на закон за избор на органите на единиците на локалната самоуправа и на Град Скопје;

8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската и туристичката дејност, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за прогласување на орнитолошки локалитет „Езерани“ на Преспанското езеро како строг природен резерват, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за сточарство;

11. Предлог за донесување на закон за стечај;

12. Предлог на одлука за огласување избор на претседатели на основните судови;

13.  Избор на судии поротници во апелационите и основните судови;

14. Предлог на одлука за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Саборот на Република Хрватска;

15. Предлог на одлука за изменување на Одлуката за основање пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Словенија;

16. Предлог на одлука за разрешување од функција претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата;

17. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Републички завод за трансфузиологија Скопје;

18. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Здравствена станица „Железара“ Скопје;

19. Предлог на одлука за давање согласност на Одлуката за промена на називот на Здравствениот дом „Ростуше“ с. Ростуше;

20. Информација за бројот на граѓаните на Република Македонија за кои се води постапка за стекнување право на државјанство и кои по ниеден основ не можат да добијат државјанство;

21. Информација за остварување на договорите што се потпишани со Северна Рајна Вествалија „за азилантите“;

22. Информација за преземените мерки и активности на Министерството за внатрешни работи за откривање на организаторите и извршителите на атентатот врз претседателот на Република Македонија;

23. Информација за причините за појавата на шап и лигавка во Република Македонија и мерките што ги преземаат надлежните служби за спречување на нивното ширење и за отстранување на последиците;

24. Информација за активностите што Министерството за образование и физичка култура планира да ги преземе за елиминирање на раширената појава на мито и корупција во средните училишта, а особено во гимназијата во Гостивар.


стенографски белешки  50 седница 17.7.1996

стенографски белешки  50 седница 1 продолжение 18.7.1996

стенографски белешки  50 седница 2 продолжение 23.7.1996

стенографски белешки  50 седница 3 продолжение 24.7.1996

стенографски белешки  50 седница 4 продолжение 26.7.1996

стенографски белешки  50 седница 5 продолжение 27.8.1996

Click