Пленарни седници



17 декември 1996 година

Педесет и петта седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на закон за заштита и унапредување на животната средина и природата;

2. Предлог на закон за тутун;

3. Предлог на закон за кривична постапка;

4.  Предлог на закон за извршување на санкциите;

5. Предлог на закон за прекршоците;

6. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за Градот Скопје, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за ратификација на Општата спогодба за привилегиите и имунитетите на Советот на Европа и на Дополнителниот протокол кон Општата спогодба за привилегиите и имунитетите на Советот на Европа, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата за редовен воздушен сообраќај меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната влада на Сојузна Република Југославија, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната влада на Сојузна Република Југославија за меѓународен патен превоз на патници и стока, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната влада на Сојузна Република Југославија за регулирање на граничниот  железнички сообраќај, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Сојузната влада на Сојузна Република Југославија за заемно поттикнување и заштита на инвестициите, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Република Македонија и Швајцарската Конфедерација за редовен воздушен сообраќај, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори;

14. Предлог за донесување на закон за инспекцијата на трудот;

15. Предлог на одлука за изменување и дополнување на Одлуката за основање на постојани работи тела на Собранието на Република Македонија;

16. Предлог за разрешуваше на судијата д-р Кирил Чавдар од функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија;

17. Предлог за разрешување на судијата Јован Калајлиоски од функцијата судија на Врховниот суд на Република Македонија;

18. Барање за давање автентично толкување на членовите 18 и 21 од Законот за данокот на промет на производи и услуги („Службен весник на Република Македонија“ број 34/92, 62/92. 63/92, 3/93, 4/93, 80/93 и 42/95), поднесено од А.Д. „Пазари“ - Битола;

19. Барање за давање на автентично толкување на членот 7 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир („Службен весник на Република Македонија“ број 22/72, 29/83, 51/88, 18/90 и 26/93), поднесено од Советот за превентива против малолетничка деликвенција во Кавадарци;

20. Барање за автентично толкување на членот 1 од Законот за висината на стапката на затезната камата („Службен весник на Република Македонија“ број 65/92 и 70/93), поднесено од Приватното претпријатие за трговија и внатрешна и надворешна шпедиција, изнајмување и дистрибуција на филмови и видео касети увоз-извоз П.О. „Вилком“ - Битола.

стенографски белешки  55 седница 17.12.1996

стенографски белешки  55 седница 1 продолжение 18.12.1996

стенографски белешки  55 седница 2 продолжение 16.1.1997

стенографски белешки  55 седница 3 продолжение 25.3.1997

Click