Пленарни седници



24 декември 1996 година

Педесет и шеста седница на Собранието на Република Македонија

Дневен ред:

1. Предлог на Буџет на Република Македонија за 1997 година;

2. Предлог за донесување на закон за извршување на Буџетот на Република Македонија за 1977 година, со Предлог на закон;

3. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за буџетите, со Предлог на закон;

4. Предлог за донесување на закон за ограничување на изворните приходи за финансирање на јавните потреби за 1977 година, со Предлог на закон;

5. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за акцизите, со Предлог на закон;

6. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок од доход, со Предлог на закон;

7. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за даноците на имот, со Предлог на закон;

8. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на промет на производи и услуги, со Предлог на закон;

9. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот од добивка, со Предлог на закон;

10. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за платен промет, со Предлог на закон;

11. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за гаранција на Република Македонија за депонираните девизни влогови на граѓаните и за обезбедување на средства и начин за исплата на депонираните девизни влогови на граѓаните во 1993,1994,1995 и 1996 година, со Предлог на закон;

12. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за комуналните такси, со Предлог на закон;

13. Предлог за донесување на закон за изменување на Законот за градежното земјиште, со Предлог на закон;

14. Предлог за донесување на закон за изменување и дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, со Предлог на закон;

15. Предлог за донесување на закон за гаранција на Република Македонија по Договорот за заем за реализација на Проектот за дистрибуција на гас во Скопје од Европската банка за обнова и развој, со Предлог на закон;

16. Предлог за донесување на закон за ратификација на Хашкиот договор за меѓународно пријавување на мостри и модели - Хашки акт и Дополнителниот акт од Стокхолм, со Предлог на закон;

17. Предлог на одлука за целите и задачите на монетарната политика во 1997 година;

18. Предлог на одлука за девизната политика и проекцијата на платниот биланс на Република Македонија за 1997 година;

19. Предлог на автентично толкување на член 13 од Законот за Град Скопје („Службен весник на Република Македонија“ број 49/96);

20. Предлог на автентично толкување на член 70 од Законот за банки и штедилници („Службен весник на Република Македонија“ број 29/96 - пречистен текст);

21. Барање за давање автентично толкување на член 19 од Законот за Градот Скопје („Службен весник на Република Македонија“ број 49/96), поднесено од Собранието на Град Скопје;

22. Барање за давање на автентично толкување на членовите 29 став 1 точка 13, 30, 39, 40 и 41 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на Република Македонија“ број 52/95, поднесено од Собранието на Град Скопје;

23. Предлог на одлука за огласување избор на судии на Врховниот суд на Република Македонија;

24. Предлог за разрешување на јавниот правобранител на Република Македонија;

25. Предлог на одлука за разрешување и именување претставници на Републиката во Собирот на работните луѓе во Кинотеката на Република Македонија;

26. Предлог на одлука за именување членови на Посебната комисија за изготвување предлог за именување индивидуален работоводен орган на Стоматолошкиот факултет - Скопје;

27. Предлог на одлука за избор на членови на Управниот одбор на ООЗТ Институт за белодробни заболувања кај децата во состав на Здравствената работна организација Градска опшуа болница „Моша Пијаде“ - Скопје;

28. Предлог на одлука за избор на член на Управниот одбор на Заводот за здравствена заштита - Кочани;

29. Предлог за разрешување на јавниот правобранител на општините Прилеп и Крушево;

30. Предлог за разрешување на заменик на вишиот јавен обвинител во Вишото јавно обвинителство во Битола;

31. Предлог на одлука за давање на согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Медицински центар - Дебар;

32. Предлог на одлука за давање согласност на Статутот на Јавната здравствена организација Природно лекувалиште „Негорски бањи“ - Гевгелија.


стенографски белешки  56 седница 24.12.1996

стенографски белешки  56 седница 1 продолжение 25.12.1996

Click