Најави

Среда, 8 декември 2010 година, 12,00 часот, Свечена сала
 
Доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ 

На 8 декември 2010 година (среда), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „ Св. Климент Охридски“ ќе ја додели наградата „ Св. Климент Охридски“ за 2010 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, спортот, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата во областа на воспитанието и образованието ќе ѝ биде врачена на проф. д-р Елица Манева, археолог.

Наградата во областа на културата и уметноста ќе им биде врачена на г. Санде Стојчевски, поет, есеист и литературен критичар, акад. Томе Серафимовски, скулптор и г. Петар Темелковски, актер.

Наградата во областа на здравството ќе му биде врачена на проф. д-р Тодор К. Стојчевски, интернист, хематолог.
Click