ЗАМИР ДИКА

 

 

 




Роден 1969 година во Дебар, РМ. Албанец. Завршил Машински факултет, доктор по машински науки. Бил раководител на производство во "Депласт" Дебар. Добро го знае англискиот, а се служи со италијанскиот јазик. Живее во Дебар.



 

ЗУДИ ЏЕЛИЛИ

 

 

 

 

Роден на19.10.1961, во с. Речан - Гостивар.Основно училиште завршил во родното место, средно - гимназија општа насока - во Гостивар. Више образование завршил во Лесковац, познат и единствен центар за образование на ваков вид кадри во бивша Југославија, каде што дипломирал во 1984 година и стекнал звање текстилен инженер.

  • Од 1985 до 1992 година бил шеф на производство во Фабриката за текстил "Готекс" во Гостивар.
  • Во 1996 година бил советник во Општинскиот совет во Гостивар.
  • Во 1998 година бил претседавач на Општинскиот совет.
  • Во 1999 година бил претседател на кризниот штаб за Гостиварскиот регион за згрижување на бегалците од Косово.
  • Во 2000 година се именува од страна на Владата на РМ за помошник на директорот на Агенцијата за неразвиените подрачја.
  • Во 2001 година учесник во ОНА, во бригадата 116 која дејствуваше во Гостиварскиот регион, како командант на артилерискиот вод при оваа бригада.
  • Во 2002 година пратеник од ДПА во изборната единица бр.6 поставен под број 2, на изборниот список по г. Арбен Џафери.
  • Родител е на три деца, со живеалиште во Гостивар од 1975 година, во населбата Тоска.


 

ИЛЈАЗ ХАЛИМИ

 

 

 

 

Потпретседател на ДПА. Роден 1954 година во с. Сушиќе, Косово. Албанец. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Приштина. Работел како професор, а до изборот за пратеник и како заменик директор на гимназијата во Тетово. Еден од оснивачите и актуелен потпретседател на ДПА. Бил пратеник и потпретседател на Собранието на РМ во претходниот парламентарен состав. Живее во Тетово.



 

 

МЕНДУХ ТАЧИ

 

 

 

 

Член и потпретседател на ДПА. Албанец. Роден на 3 март 1965 година во Тетово. Студирал на Стоматолошкиот факултет во Приштина. Се служи со францускиот, бугарскиот и со турскиот јазик. Бил претседател на огранокот на ДПА во Тетово. Живее во Тетово.



                                                       
                                                           РУЖДИ МАТОШИ



 

 


 

Член на ДПА. Роден 1970 година во Тетово. Албанец. Магистер на науки. Инженер по земјоделство. Се служи со англискиот јазик. Живее во Тетово.



 

ФАТМИР АСАНИ




 


     



Член на ДПА. Роден 1954 година во с. Слупчане- Липково, Р. Македонија. Албанец. Специјалист по општа медицина. Работел во приватна здравствена организација "Медикус". Се служи со француски јазик. Живее во с. Слупчане- Липково.


  



     
  

ЏЕВДЕТ НАСУФИ 

 

 






   
Член на ДПА Роден 1948 година во Велешта, Струга, РМ. Албанец. Магистер на науки. Бил заменик на претседателот на Владата на Република Македонија. Добро зборува англиски јазик. Живее во с. Велешта, Струга.

Click