ЕУ вести



Четврток, 2 јануари 2014 година

Умеа и Рига – европски културни престолнини

Шведскиот град Умеа и Рига од Летонија се прогласени за културни престолнини на Европа за 2014 година, од страна на Европската комисија.

Умеа е првиот шведски град по Стокхолм во 1998 година, кој се закитил со титулата европски центар на културата. Познат е по својата природна убавина. Овој универзитетски град, кој брои 34.000 студенти, се наоѓа на околу 600 километри северно од Стокхолм.

Рига, пак, е главен град на Летонија и истовремено најголем во балтичките држави. Градот има 800-годишна историја и претставува важен културен, индустриски, комерцијален и финансиски центар, микс на уметност и модерна архитектура, современа уметност и ремек-дела на големи уметници од минатото, заштитен од УНЕСКО.

Секоја година, уште од 1985, избрани градови ја прикажуваат разновидноста и богатството на европската култура и го негуваат европскиот идентитет.

Минатата година културни престолнини на Стариот континент беа француски Марсеј и словачкиот Кошице.

Click