Најави



Понеделник, 7 февруари 2011 година, 12,00 часот, Сала 1
 
СТО ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 
Предлог на дневен ред:

 

1. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Австрија за соработка во областа на културата;

2. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за Центарот за спроведување на законот во Југоисточна Европа;

3. Дополнет предлог на закон за градежно земјиште (второ читање);

4. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ученичкиот стандард (второ читање);

5. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита на потрошувачите при договори за потрошувачки кредит (второ читање);

6. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за административните такси (второ читање);

7. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за ѓубриња (второ читање);

8. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за производи за заштита на растенијата (второ читање);

9. Предлог на закон за изменување  на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, по скратена постапка;

10. Барање за давање автентично толкување на член 81-д став 1 од Законот  за државните службеници, поднесено од градоначалникот на општина Струга;

11. Барање за давање автентично толкување на член 17 став 3 од Законот  за спречување на судир на интереси, поднесено од градоначалникот на општина Струга.

 

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 

1.  Предлог за именување на директор на Агенцијата за администрација;

2. Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за избор на претседател и два члена на Комисијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, поднесен од пратеникот Илија Димовски;

3. Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за именување на еден член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, поднесен од пратеникот Илија Димовски;

4. Предлог на одлука за упатување на јавен повик до овластените предлагачи за доставување предлог на кандидати за членови на Советот на Македонската радио телевизија, поднесен од пратеникот Илија Димовски;

5. Предлог на одлука за објавување јавен конкурс за избор на заменик директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци, поднесен од пратеникот Илија Димовски.

Click