Најави

Среда, 9 февруари 2011 година, 11,00 часот, Сала на Влада 

ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА  

Предлог на дневен ред:

 

1.  Предлог-закон за постапување со бесправно изградени објекти (второ читање);

2.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за железничкиот систем (второ читање);

3.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота (второ читање);

4.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за јавните патишта (второ читање);

5.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за сигурност во железничкиот систем (второ читање);

6.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешната пловидба (второ читање);

7.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за жичари и ски-лифтови (второ читање);

8.  Предлог-закон за прогласување на пештерата “Слатински извор” за споменик на природата (второ читање);

9.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за шумите (второ читање);

10.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно здравство (второ читање);

11.  Педлог-закон за дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (второ читање);

12.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Национална агенција за европски образовани програми и мобилност (второ читање);

13.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи (прво читање);

14.  ТЕКСТ НА НАЦРТОТ на амандман XXXII на Уставот на Република Македонија.

 
Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 
1.  Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за служба во Армијата на Република Македонија (второ читање);

2.  Предлог-закон за престанување на важење на Законот за вршење овластувања од страна на републичките органи на управата во поглед внесување и растурање странски средства за масовно комуницирање и за странската информативна дејност во Југославија (второ читање);

3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција (второ читање).

4. Барање за давање автентично толкување на член 48, 51 и 52 од Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична постапка, поднесено од пратеникот Силвана Бонева;

5. Барање за давање на автентично толкување на член 145 ставови 1 и 2 од Законот за извршна постапка, односно член 157 ставови 1 и 2 од Законот за извршување, поднесено од пратеникот Цветанка Иванова;

6. Барање за давање на автентично толкување на член 11 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет, поднесено од пратениците Владо Бучковски и Цветанка Иванова;

7. Исправка на Законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија" број 158/10);

8. Утврдување на Пречистен текст на Законот за здравственото осигурување;

9. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за градење, по скратена постапка;

10. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за просторно и урбанистичко планирање, по скратена постапка;

11. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште, по скратена постапка;

12. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствена инспекција, по скратена постапка;

13. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за заштита и спасување, по скратена постапка;

14. Предлог закон за за изменување и дополнување на Законот за заштита на културното наследство, по скратена постапка;

15. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за приватизација и закуп на градежно земјиште во државна сопственост, по скратена постапка;

16. Предлог закон за гаранција на Република Македонија на обврските по Договорот за заем, наменет за финансирање на проектот „Главен транспортен систем од ПК Брод Гнеотино до Суводол - ЛОТ 3“, кој ќе се склучи меѓу Дојче банка и АД ЕЛЕМ, по скратена постапка;

17. Предлог-закон за педагошката служба, по скратена постапка;

18. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за прекршоците, по скратена постапка;

19. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за основното образование, по скратена постапка;

20. Предлог закон за изменување и дополнување на Законот за средното образование по скратена постапка;

21. Предлог-закон за изменување и дополнувањена Законот за високото образование, по скратена постапка;

22. Предлог закон за  изменување и дополнување на Законот за спортот, по скратена постапка.

 

 

 

 

 

Click