Најави



Среда, 16 јуни 2010 година, 12,00 часот, Сала 1
 
СТО И СЕДМА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
(започната на 14.6.2010 год.) (второ продолжение)
 

Дневен ред:

 
...

18. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот "Водоснабдување и одведување отпадни води" (второ читање);

19. Предлог на закон за изменување на Законот за водите (второ читање), поднесен од пратениците Лилјана Поповска, Тахир Хани и Катерина Димеска;

20. Предлог на закон за изменување на Законот за извршување (второ читање), поднесен од пратениците Васко Шутаров и Надица Танчева Тулиева;

21. Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (второ читање);

22. Предлог на закон за изменување на Законот за учебници во основно и средно образование (второ читање);


23. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (второ читање);

24. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации (второ читање);

25. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2010 година, по скратена постапка;

26. Извештај за работата на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во 2009 година;

27. Барање за давање автентично толкување на членот 5 од Законот за празниците на Република Македонија, поднесено од пратеникот Анета Стефановска;

28. Барање за давање автентично толкување на членот 13 став 2 од Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Македонија и на членовите на нивните семејства, поднесено од пратеникот Оливера Трајановска;

29. Барање за давање автентично толкување на членот 169  од Законот за градење, поднесено од градоначалникот на општина Чашка. 

 

Click