Најави



Понеделник , 31 мај 2010 година, 11,00 часот, Сала 1

 

СТО И ШЕСТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

Предлог на дневен ред:

 

1. Предлог за избор на комисионери (членови) на Комисијата за хартии од вредност;

2. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Франција за мобилност на млади;

3. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за размената и заемната заштита на класифицирани информации;

4. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата помеѓу Секретаријатот за европски прашања на Владата на Република Македонија и Сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Република Австрија за развојна соработка;

5. Предлог на закон за ратификација на Петтиот дополнителен протокол кон Спогодбата за мултинационалните мировни сили на Југоисточна Европа;

6. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала (прво читање);

7. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота (прво читање);

8. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот "Водоснабдување и одведување отпадни води" (прво читање);

9. Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на добивка (прво читање);

10. Предлог на закон за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (прво читање);

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик (прво читање); поднесен од пратениците Станка Анастасова, Миле Андонов, Весна Бендевска, Владо Бучковски, Славица Грковска Лошкова, Менде Диневски, Цветанка Иванова, Игор Ивановски, Јани Макрадули, Горан Минчев, Марјанчо Николов, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ, Горан Сугарески, Маринела Тушева, Никола Ќуркчиев, Томе Чинговски и Радмила Шекеринска;

12. Предлог на закон за посебните права на инвалидите, на членовите на семејствата на цивилните жртви и на членовите на семејствата на паднатите борци на ОНА за време на конфликтот во 2001 година (второ читање); поднесен од пратениците Абедин Зумбери, Даут Реџепи, Флора Кадриу, Имер Селмани, Сулејман Рушити и Бесим Догани;

13. Предлог на стратегија за управување со јавниот долг на Република Македонија за периодот од 2010 до 2012 година;

14. Годишен извештај за работата на Агенцијата за електронски комуникации за 2009 година;

15. Предлог на одлука за одобрување на годишниот финансиски план на Агенцијата за електронски комуникации за 2010 година;

16. Годишен извештај за работата на Агенцијата за пошти за 2009 година;

17. Предлог на одлука за одобрување на годишниот финансиски план на Агенцијата за пошти за 2010 година.

 

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 

1. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за трудови клаузули (јавни договори), 1949;

2. Предлог на закон за ратификација на Лисабонскиот договор за заштита на ознаките на потекло и нивната меѓународна регистрација;

3. Предлог на закон за ратификација на Договорот за економска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово;

4. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за услови за заемни патувања на граѓаните;

5. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за економска и индустриска соработка;

6. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачката Република за полициска соработка во борбата против криминалот;

7. Предлог на закон за изменување и дополнувањe на Законот за санитарната и здравствената инспекција (прво читање);

8. Предлог на закон за дополнување на Законот за здравствената заштита (прво читање), поднесен од пратениците Станка Анастасова, Миле Андонов, Весна Бендевска, Владо Бучковски, Славица Грковска Лошкова, Менде Диневски, Цветанка Иванова, Игор Ивановски, Јани Макрадули, Горан Минчев, Марјанчо Николов, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ, Горан Сугарески, Маринела Тушева, Никола Ќуркчиев, Томе Чинговски и Радмила Шекеринска;

9. Предлог на закон за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион, по скратена постапка, поднесен од пратениците Анита Кипаризова Крстеска, Цветко Грозданов, Владо Стефаноски, Силвана Бонева, Тахир Хани, Лилјана Затуроска, Наташа Јаневска, Косана Николиќ Мазнева и Соња Гелова Стојанов;

10. Предлог за разрешување од функцијата директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци.

Click