Најави




Среда , 26 мај 2010 година, 11,00 часот, Сала 4

 
ЗАКОНОДАВНО-ПРАВНА КОМИСИЈА 

 
Предлог на дневен ред:

 

1.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота (прво читање);


2.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за лековите и медицинските помагала (прво читање);


3.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај (второ читање);

4.  Предлог на закон за изменување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување (второ читање);

5.  Предлог на закон за изменување на Законот за  учебници  во основно  и средно образование (второ читање);

6.  Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита (второ читање);

7.  Предлог - Стратегија за управување со јавниот долг на Република Македонија за период од 2010 до 2012 година.

 

 Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

 

1. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за електронските комуникации (второ читање);

2. Предлог на закон за изменување на Законот за данокот на добивка (прво  читање);

3. Предлог на закон за изменување на Законот за извршување (второ читање);

4. Предлог на закон за изменување на Законот за водите (второ читање);

5. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Франција за мобилност на млади;

6. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Словенија за размената и заемната заштита на класифицираните информации;

7. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Секретаријатот за европски прашања на Владата на РМ и Сојузниот министер за европски и меѓународни прашања на Република Австрија за развојна соработка;

8. Предлог на закон за ратификација на Петтиот Дополнителен Протокол кон Спогодбата за Мултинационалните Мировни Сили на Југоисточна Европа;

9. Предлог на закон за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (прво читање);

10. Предлог на закон за задолжување на Република Македонија со заем кај Европската инвестициона банка по Договорот за заем по Проектот „Водоснабдување и одведување отпадни води“ (прво читање);

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Изборниот законик (прво читање), поднесен од група пратеници;

12. Барање за давање автентично толкување на член 82 ставови 1 и 2 од Законот за државните службеници, поднесено од градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево Јорданчо Лефков;

13. Барање за давање автентично толкување на членот 169 од Законот за градење поднесено од градоначалникот на Општина Чашка, Горанчо Пановски;

14. Барање за давање на автeнтично толкување на членот 80 ставови 1, 4 и 5, член 82 ставови 1 и 2, член 84 и член 85 од Законот за основното образование и на членот 59, членот 60 ставови 1, 3 и 4, членот  61, членот 62 и членот 66 став 1 од Законот за средното образование поднесено од пратеникот Станка Анастасова;

15. Предлог на закон за дополнување на Законот за здравствената заштита (прво читање), поднесен од: Станка Анастасова, Миле Андонов, Весна Бендевска, Владо Бучковски, Славица Грковска-Лошкова, Менде Диневски, Цветанка Иванова, Игор Ивановски, Јани Макрадули, Горан Минчев, Марјанчо Николов, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ, Горан Сугарески, Маринела Тушева, Никола Ќуркчиев, Томе Чинговски, Радмила Шекеринска Јанковска;

16. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за санитарната и здравствената инспекција (прво читање);

17. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Чешката Република за економска и индустриска соработка;

18. Предлог на закон за ратификација на Лисабонскиот договор за заштита на ознаките на потекло и нивната меѓународна регистрација;

19. Предлог на закон за ратификација на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Кабинетот на министрите на Украина за услови за заемни патувања на граѓаните;

20. Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Словачката Република за полициска соработка во борбата против криминалот;

21. Предлог на закон за ратификација на Договорот за економска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Косово;

22. Предлог на закон за ратификација на Конвенцијата за трудови клаузули (јавни договори), 1949.

Click