Најави

Среда, 24 март 2010 год. - 10.00 часот, - Сала „Борис Трајковски“
 
Јавна расправа на тема „Обновливи извори на енергија – дали може германското искуство да биде корисно за Република Македонија" - Национален совет за евроинеграции

Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти и експерти од областа на обновливите извори на енергија да земат учество во поширока дебата на темата која се наметнува како едно од прашањата витални за иднината на државите. Учесниците ќе имаат можност да ги презенитраат своите мислења и предлози за мож­ностите за искористување на енергијата на ветерот, сончевата енер­гија, хидро­енер­гијата, геотермалната енергија, биомасата и другите обновливите енергетски потен­ци­јали кај нас и во светот.

На јавната расправа воведни излагања ќе имаат: г. Ралф Бергман, политички спикер за прашања од животна средина од Федералната држава Саксонија Анхалт, СР Германија, д-р Наташа Марковска - Истражувачки центар за енергетика, информатика и материјали при Македонската академија на науки и уметности, проф. д-р Рубин Талески - Факултет за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје и г. Методија Саздов, претседател на Македонски зелен центар.
Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 23 март (вторник) 2010 година, на e-mail: nsei@sobranie.mk или на телефон 02/ 3113 539.

Јавната расправа е отворна за медиуми.
Click