Најави

Петок, 26 март 2010 година, 11,30 часот, Сала „Борис Трајковски“
 
Отворање на меѓународен натпревар за студенти

 
Под покровителство на претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски во петок на 26 март 2010 година со почеток во 11,30 часот ќе биде отворен меѓународен натпревар за студенти „Macedonia Case Challenge“. 

Станува збор за најголем регионален натпревар за студенти по право, бизнис, информатички технологии, меѓународни односи и политички науки. Овој натпревар се одржува во континуитет во изминативе 10 години во 12 земји на Југоисточна Европа, а од пред 3 години и во Република Македонија. Организатор на овој натпревар е Светскиот универзитетски сервис – Австрија и локалниот партнер во Македонија, Институтот за стратешки истражувања и едукација, а главен финансиер на натпреварот е Австриската развојна соработка.

На отворањето ќе се обратат  г. Трајко Вељаноски, претседател на Собранието на Република Македонија; д-р Мишо Докмановиќ, претседател на управниот одбор на Институтот за стратешки истражување и едукација - ИСИЕ; г-ѓа Јасмин Мозер, претставник на Светскиот универзитетски сервис - Австрија; Хајнц Хабертоер, претставник на Австриската развојна соработка во Македонија и Дамијан Седар, политички советник во Делегацијата на Европската унија во Скопје.

Манифестацијата ќе биде отворена за медиуми.

Click