Најави



Понеделник, 15 ноември 2010 година, 11,00 часот, Сала 1
 
СТО ДВАЕСЕТ И ЧЕТВРТА СЕДНИЦА НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
 
Предлог на дневен ред:


1. Предлог на закон за гранична контрола (прво читање);


2. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за странците (прво читање);


3. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија (прво читање);


4. Предлог на закон за признавање на професионалните квалификации (прво читање);

5. Предлог на закон за основање на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ - Скопје (прво читање);

6. Предлог на закон за изменување на Законот за средното образование (прво читање);

7. Предлог на закон за изменување на Законот за основното образование (прво читање);

8. Предлог на закон за прогласување на дел од планината Галичица за Национален парк (прво читање);

9. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија (прво читање);

10. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за прогласување на Старата скопска чаршија за културно наследство од особено значење (прво читање);

11. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за даночна постапка (прво читање);

12. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за персоналниот данок на доход (прво читање);

13. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за организација и работа на органите на државната управа (прво читање);

14. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за заштита од пушењето (прво читање), поднесен од пратениците Владо Бучковски, Горан Сугарески, Весна Бендевска, Томе Чинговски, Менде Диневски, Флора Кадриу, Абедин Зумбери и Сулејман Рушити;

15. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за судовите (второ читање);

16. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Македонија (второ читање);

17. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за управните спорови (второ читање);

18. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за судска служба (второ читање);


19. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности (второ читање);


20. Дополнет предлог на закон за поштенски услуги (второ читање);


21. Дополнет предлог на закон за финансиски друштва (второ читање);


22. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Фондот за осигурување на депозити (второ читање);


23. Дополнет предлог на закон за давање на финансиски услуги на далечина (второ читање);


 24. Дополнет предлог на закон за ревизија (второ читање);


 25. Дополнет предлог на закон за Народна банка на Република Македонија (второ читање);

26. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Царинскиот закон (второ читање);

27. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа (второ читање);


28. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за контрола на извоз на стоки и технологии со двојна употреба (второ читање);


29. Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за трговија (второ читање);

30. Дополнет предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини (второ читање);

31. Дополнет предлог на закон за Државниот инспекторат за локална самоуправа (второ читање);

32. Информација за Проектот “Скопје 2014“, поднесена од пратениците Станка Анастасова, Миле Андонов, Весна Бендевска, Владо Бучковски, Славица Грковска Лошкова, Менде Диневски, Цветанка Иванова, Игор Ивановски, Јани Макрадули, Горан Минчев, Марјанчо Николов, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ, Горан Сугарески, Маринела Тушева, Никола Ќуркчиев, Томе Чинговски, Радмила Шекеринска, Стојан Андов, Флора Кадриу, Сулејман Рушити, Соња Мираковска, Тито Петковски, Горан Мисовски и Ѓорги Оровчанец;

33. Среднорочна програма за формирање, чување, обновување и користење на стоковните резерви за период 2011 - 2015 година.

Предлогот на дневниот ред се дополнува со:

1. Извештај на Европската комисија за напредокот на Република Македонија за 2010 година.

 

Click