НОВА СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА


2006 - 2008




 ИВАН АНАСТАСОВСКИ    

 







   

Член на НСДП. Роден 1973 година во Куманово. Македонец. Доктор на науки. Универзитетски професор. Живее во Куманово.Активности во Собранието



 

 

ЗАШОВ БЛАГОЈ
 
 


    
 
  
  

    Роден е на 20.2.1945 година во Кочани, Република Македонија. По националност е Македонец.
     
  
   Завршил Правен факултет во Скопје. Специјализирал меѓународно право и меѓународни односи на универзитетите во Загреб (Хрватска) и Париз 2 (Сорбона).
     
  
   Дипломат од кариера, кој својата работа ја почнал во 1973 година во Секретаријатот за односи со странство на Република Македонија во кој работи до 1986 г. кога е именуван за помошник на министерот за односи со странство.
     
  
   Од 1986 до 1990 година бил конзул на поранешна Југославија во Лион (Франција), ангажиран од дипломатските кадри од Република Македонија.
     
  
   Од летото 1990 до почетокот на 1993 година работи во Министерството за односи со странство како специјален советник за Европската унија и Советот на Европа.
     
  
   Во февруари 1993 година, како еден од првите македонски дипломати, упатен е во дипломатска служба во Стразбур (Франција) како постојан претставник на Република Македонија во Советот на Европа. Таму останува до август 1996 година.
     
  
   На 4.12.1996 година повторно заминува во дипломатска служба за да ја отвори македонската амбасада во Букурешт. До 24.6.1998 година е министер советник и вршител на работите во Амбасадата на РМ. Од 25 јуни 1998 година до 31 јули 2002 година е вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Букурешт (Романија).
     
  
   По враќањето од Романија уште четири години работи во Министерството за надворешни работи задолжен за секторите за меѓународно право и дипломатска едукација. За време на изборите во 2006 година е носител на листа во третата изборна единица од Нова социјал-демократска партија при што е избран како пратеник.
     
  
   Во Собранието на Република Македонија е: заменик претседател на Комисијата за европски прашања, член на Законодавно-правната комисија, член на Комисијата за надворешна политика, прв заменик претседател на Франкофонската секција при Собранието и заменик шеф на Делегацијата на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа.
     
  
   Г. Зашов зборува добро француски, хрватски и романски јазик. Се користи и со англиски и руски јазик.
     
  
   Во 1991 година е еден од основачите на Европското движење на Република Македонија.
     
  
   Тој е и еден од основачите на Школата за политика која работи во рамките на мрежата на школи за политика на Советот на Европа.
     
  
   Автор е на книгата “Македонија и Советот на Европа”, објавена 2005 година.
     
  
   Г. Зашов е оженет со г-ѓа Лилјана Зашова. Имаат две ќерки.



  
 МИСОВСКИ ГОРАН 

 

 

 

 

 

Член на НСДП. Роден 1965 година во Скопје. Македонец. Дипломиран економист - прв степен. Добро го познава англискиот јазик. Живее во Скопје.



 

ВЕЛЕ МИТАНОСКИ

 

 

 


 

Член на НСДП. Роден 1949 година во с. Црвена Вода, Охрид. Македонец. Високо образование. Новинар. Се служи со англискиот и рускиот јазик. Живее во Охрид.

 


  



 

 

ПЕТКОВСКИ ТИТО 

 

 

 

 

Претседател на НСДП. Роден 1947 година во Псача, Крива Паланка. Македонец. Дипломиран правник. Добро ги познава францускиот и англискиот јазик. Живее во Скопје.
     

Click