Најави

Понеделник, 11 октомври 2010 година, 14,00 часот, Свечена сала

Доделување на државната награда „11 Октомври“

На 11 октомври 2010 година (понеделник), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 14,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2010 година за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.

Наградата за животно дело во областа на културата и уметноста ќе му биде врачена на г. Раде Силјан, поет, литературен критичар и есеист.

Наградата за животно дело во областа на образованието ќе му биде врачена на проф. Глигор Тренчевски, педагог.         

Наградата за животно дело во областа на науката ќе му биде врачена на проф. д-р Серафим Томовски, сметководител по финансиски инвестиции и развој.

 
Click