Најави



Сабота, 23 октомври 2010 година, 12,00 часот, Свечена сала
 
Доделување на државната награда „23 Октомври“
 
На 23 октомври 2010 година (сабота), во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, во 12,00 часот, Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ ќе ја додели наградата „23 Октомври“ за 2010 година за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоција на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство на Република Македонија.

Државната награда „23 Октомври“, за остварување во областа на науката и образованието, се доделува на акад. Живко Попов, хирург-уролог и проф. д-р Авзи Мустафа, методичар.

Државната награда „23 Октомври“, за остварување во областа на културата и уметноста, се доделува на Иван Чаповски, писател.


 

Click