Најави

Петок, 1 октомври 2010 година - 10,00 ч. - Сала „Борис Трајковски“
 
ЈАВНА РАСПРАВА ПО ПРЕДЛОГ НА ЗАКОНОТ ЗА РЕВИЗИЈА - НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИЈА

Целта на јавната расправа е да се обезбеди поширока дебата по Предлог-законот за ревизија, а во насока на донесување на квалитетни закони и соодветна подготовка за прифаќање на обврските од членството на Република Македонија во Европската унија.

Националниот совет за евроинтеграции ги повикува заинтересираните субјекти и експерти од областа на ревизијата да земат активно учество во дебатата.

Пријавата за учество на јавната расправа да се достави до Националниот совет за евроинтеграции, најдоцна до 30 септември (четврток) 2010 година, на e-mail: nsei@sobranie.mk
 

Јавната расправа е отворена за медиуми.
Click