Најави



Вторник, 12 октомври 2010 година - 10,00 ч. - Сала на Уставна комисија
 
Тркалезна маса на тема: „Регионалната политичка соработка на Западен Балкан - на пат кон заедничката цел евроатлантските интеграции"

Фондацијата „Конрад Аденауер“, Собранието на Република Македонија и Институтот за демократија „Societas Civils“ Скопје организираат тркалезна маса на тема "Регионалната политичка соработка на Западен Балкан - на пат кон заедничката цел евроатлантските интеграции".Пратеници и амбасадори на земјите од регионот ќе имаат можност да дискутираат за нивните погледи во однос на поволностите од зајакнатата регионална соработка во полето на безбедноста, економијата, траспортот, инфраструктурата, животната околина, борбата против организираниот криминал на патот на Република Македонија кон ЕУ, како и евроатлантската интеграција на нејзините соседи на Балканот.

Воедно настанот ќе биде и можност за претставување на најновиот број на политичкото списание "Политичка мисла", кое е посветено токму на оваа тема

 
Тркалезната маса е отворена за медиуми.

 

Click