8-9 мај 2017
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД СЛУЖБАТА НА ПАРЛАМЕНТОТ НА ШВАЈЦАРСКАТА КОНФЕДЕРАЦИЈА ВО ПОСЕТА НА МАКЕДОНСКИОТ ПАРЛАМЕНТАРЕН ИНСТИТУТ
Во периодот од 8-9 мај во просториите на Едукативниот центар на Парламентарниот институт на Собранието на Република Македонија во посета беше делегација од Швајцарскиот Национален Совет составена од пет претставници од парламентарната служба.
![](content/Парламентарен институт/ПИ-Активности -слики/svajcarija2.jpg)
![](content/Парламентарен институт/ПИ-Активности -слики/svajcarija3.jpg)
Предмет на посетата беше презентација и размена на искуства од областа на едукацијата и комуникацијата при што се разгледуваа можности за понатамошна соработка.
Како дел од посетата делегацијата имаше можност да присуствува на организирана обиколка на зградата и работните простории на Собранието на Република Македонија.