Активности на Парламентарен институт

20 ноември 2017

Еднодневен семинар за студенти

Студенти од втора година од Институтот за социологија на Филозофскиот факултет при УКИМ, учествуваа на едукативен еднодневен семинар, кој се одржа на 20 ноември во Едукативниот центар на Парламентарниот институт.

На семинарот студентите беа запознати со историјата на парламентаризмот во Македонија, составот, структурата и внатрешната организација на Собранието, како и неговата улога во нашиот политички систем.

Студентите имаа можност за средба и разговор со своите колеги социолози, актуелни пратеници во Собранието на Република Македонија.

Click