Активности на Парламентарен институт

Среда, 11 април 2018 година

ИЗРАБОТЕНИ 300 АНАЛИЗИ И ИСТРАЖУВАЊА ЗА ПОТРЕБИТЕ НА ПРАТЕНИЦИТЕ

Парламентарниот институт (ПИ) е служба на Собранието за истражување и анализи за поддршка на пратениците. Оперативен од средината на 2014 година до денес, Парламентарниот институт предаде вкупно 318 анализи по барање од пратениците и 65 самоиницијативни истражувања. Документите се достапни до сите пратеници во Собранието во хартија и преку посебен софтвер.

Податоците од работата на службите за истражување и анализи во парламентите од земјите од регионот прикажани подолу, покажуваат дека најмногу барања од пратениците и најмногу одговори од ПИ, се случуваат токму во праксата на Собранието на Република Македонија.

Click