Активности на Парламентарен институт

25-27 септември 2017 година

ОБУКА ЗА СЛУЖБАТА НА СОБРАНИЕТО НА ТЕМА ПРОФЕСИОНАЛНА ЕТИКА  И ИНТЕГРИТЕТ 

Во функција на зајакнување на административните капацитети на вработените од Службата на Собранието на Република Македонија, во периодот од 25-27 септември 2017 година во Едукативниот центар на Парламентарниот институт беше одржана воведна обука на тема „Професионална етика и интегритет“. 

Тренинг програмата беше испорачана од страна на Центарот за европски безбедносни студии Центарот за европски безбедносни студии (CESS), Холандија како и Собранието на Република Македонија, а финансиски поддржана од Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје.

Во тридневната обука беа опфатени бројни теоретски аспекти и практични вежби во следниве области: професионализам во работна средина, интегритет и како истиот се поврзува со транспарентноста, како и додадената вредност на соодветната имплементација на Кодексот на однесување за вработените.

Click