Jули 2017 година
РАБОТИЛНИЦА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ОД СЛУЖБАТА ЗА ПОДГОТОВКА НА СТРАТЕШКИ ПЛАН НА СОБРАНИЕТО
![](content/Парламентарен институт/ПИ-Активности -слики/4PI.jpg)
![](content/Парламентарен институт/ПИ-Активности -слики/5PI.jpg)
Во јули 2017 година во Кавадарци, во организација на Парламентарниот институт се одржа тридневна работилница за подготовка на Стратешки план на Собранието на Република Македонија 2018-2020, наменета за вработените од Службата на Собранието.
На работилницата се разгледаа компонентите на процесот на стратешко планирање со преглед на клучните прашања и анализа на состојбата. Ова претставуваше можност за хоризонтална вклученост на вработените во развивањето на стратешките цели и активности.