Пратеници



Џафери Арбен 
  

 

 

 

 

 

 

Член и претседател на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија - Народна демократска партија (ПДПА-НДП). 
     
Член на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. Член на Комисијата за култура при Собранието на РМ. 
     
Роден 1948 година во Тетово, РМ. Албанец. Завршил Филозофски факултет. Се занимавал со новинарство. Добро ги знае англискиот и српскиот јазик, а се служи со францускиот и турскиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во претходниот мандат од 1994 до 1998 година. Живее во Тетово.

Click