Партија за демократски просперитет на Албанците

1994 - 1998



ГАЗМЕНД АЈДАРАГА

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1942 година во Дебар, Албанец. По професија е дипломиран инженер - агроном. Директор е на приватна фирма. Беше пратеник и во претходниот мандат. Живее во Дебар.



АБДУРАХМАН АЛИТИ

 

 

 

 

 

 

Член  и лидер на Партијата за демокртаски просперитет во Македонија, извесен период и потпретседател на Собранието. Роден 1945 година во село Желино, Тетово, Албанец. Завршил Правен факултет. Беше пратеник и во претходниот мандатенј период. Живее во Тетово.



АБДУЛАДИ ВЕЈСЕЛИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1964 година во Тетово, Албанец. Завршил средно образование. Вработен е во приватното претпријатие ? Минас? во Тетово.Живее во Тетово.



Маљичи Назми

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1957 година во село Станчиќ, Гњилане (СР Југославија), Албанец. Живее во Куманово.



 

 

Тахири Мевљан

 

 

 

 

Роден 1956 година во Скопје, РМ. Албанец. Завршил Електротехнички факултет. Работел како електроинженер во Трговското претпријатие "Железар". Бил претседател на Извршниот одбор на Собранието на општина Центар, Скопје.



МЕРСЕЛ БИљАЛИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1956 година во село Чегране, Гостивар, Албанец. Има завршено Правен факултет. Живее во село Чегране, Гостивар.







ЏЕЛАДИН МУРАТИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за Демократски просперитет во Македонија. Роден 1942 година во село Џепчиште, тетово, Албанец. завршил Филозофски факултет- група педагогија. Доктор е по педагошки науки. Потпретседател на Собранието на Република Македонија. Пратеник и потпретседател на Собранието беше и во претходниот мандатен период. Живее во Тетово.



Пруси Абдурауф


 

 

 

 

 

Член  на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1944 година во Скопје, Албанец. Завршил Технолошки факултет. Работи како професор на технолошко-металургискиот факултет во Скопје. Живее во Скопје.




ИСМЕТ РАМАДАНИ

 

 

 

 

 

 

Член  на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1954 во село Арачиново, Скопје, Албанец. Завршил Природно-математички факултет, група хемија. Беше пратеник во Собранието на Република Македонија и во претходниот мандат. Живее во село Арачиново, Скопје.



Рамадани Сали

 

 

 

 

 

 

Член  на Партијата за демократски просперитет на Албанците во Македонија. Роден 1939 година во Кичево, Албанец. Завршил Правен факултет. Живее во Кичево.



РИЗВАН СУЛЕЈМАНИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1957 година во село Лубин, Скопје, Албанец. Завршил Eлектро факултет. Вработен е како трудов инспектор. Живее во Скопје.



СЕЈФЕДИН ХАРУНИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата за демократски просперитет во Македонија. Роден 1944 година во село Градец, Гостивар, Албанец. Завршил Филолошки факултет. Доктор по филолошки науки. Беше пратеник и во претходниот состав на Собранието на Република Македонија. Живее во Гостивар.



ХИСНИ ШАЌИРИ

 

 

 

 

 

 

Член на Партијата  за демократски просперитет на Албанците во Македонија. Роден 1949 година во Отља, Куманово, Албанец. Завршил филозофски факултет - група историја. Беше пратеник И во претходниот мандатен период. Живее во село Отља, Куманово.

Click