Работни тела





                                                           Настески Кирил
 
 


    
 
  
  


 Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Член на Претседателството на општинската организација на СДСМ на Прилеп. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција. Претседател на Комисијата за одбележување на значајни настани и личности на Собранието на РМ.
     
  
   Роден 1941 година во Прилеп, РМ. Македонец. Завршил Архитектонски факултет. Во Собранието на општина Прилеп работел како урбанистички инспектор, бил шеф на Одделението за станбено - комунални работи, во два мандатни периоди бил секретар на Секретаријатот за урбанизам, градежништво и станбено-комунални работи. Бил началник на Одделението за просторно и урбанистичко планирање, како и одговорен за урбанистичко-комуналното уредување во органите на локалната самоуправа. Бил член на Извршниот совет на Собранието на општина Прилеп. Во претходниот состав на Владата на Република Македонија бил заменик на министерот за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина. Се служи со францускиот и рускиот јазик. Живее во Прилеп.
     

Click