ТАЛАТ ЏАФЕРИ 


Талат Џафери е роден на 15 април 1962 година во село Форино, Гостивар, Република Северна Македонија. Во Чегране, Гостивар го завршува основното образование во ООУ „Përparimi“. Со завршувањето на основното образование се определува за својата идна професија и во 1977 година се запишува во средното училиште во Гостивар, за во 1978 година, откако со голем успех ги поминува приемните испити во Воената гимназија во Белград, да го продолжи своето образование во таму. Во 1981 година, се запишува на Воената академија на копнената војска - насока пешадија, и наставата ја следи во Белград и Сараево. Дипломира во предвидениот рок и се стекнува со чинот потпоручник. Од 1996 до 1998 година се посветува на постдипломските студии, со специјализација за командни и штабни должности на Воената академија „Генерал Михајло Апостолски” во Скопје, додека во 2013 година, се стекнува со титулата магистер, по успешната одбрана на тезата на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје. 

Кариерата во армијата ја започнува во 1985 година, првин во Југословенската народна армија (ЈНА), а по осамостојувањето на државата, односно од 1992 е активен офицер во Армијата на Република Македонија (АРМ) до 2001 година. 

Во 2001 година се приклучува на Ослободителната народна армија (ОНА).

Својата политичка кариера ја започнува во 2002 година, кога се кандидира за пратеник во Собранието од редовите на политичката партија Демократска унија за интеграција. Истата година избран е за пратеник во Собранието и координатор на пратеничката група на ДУИ, а својот мандат го завршува на  24.12.2004 година, кога е именуван за заменик – министер за одбрана, на која функција бил до 2006 година. 

Во 2008 година, повторно е избран за пратеник во Собранието од редовите на ДУИ, и во текот на својот активен мандат како пратеник бил член на: Советот на Собранискиот канал, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за финансирање и буџет, заменик член на: Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања. Овој мандат на Џафери е одбележен и со бројни меѓународни активности во својство на претседател на Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (НАТО), во чија организација се реализираше Рос-Рот Семинарот на Парламентарното Собрание на НАТО во Скопје. Преку пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шведска, Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Босна и Херцеговина во улога на член, Џафери имал активно учество и во билатералната соработка на Собранието со соодветните парламенти. 

Во 2011 година, повторно е избран за пратеник во Собранието. Во текот на овој мандат Џафери го сврти на себе вниманието на јавноста, кога со држење на маратонски говори, го блокираше усвојувањето на тогаш спорниот Закон за бранители. Користејќи ги процедуралните можности, истраја во намерата да го одбрани својот став и ставот на партијата и практично го воведе филибастерингот во Собранието. Мандатот на пратеник му завршува на 18 февруари 2013 година, кога е именуван за министер за одбрана. Во изјава за медиумите при примопредавањето на функцијата министер за одбрана, Џафери изјави дека негова цел ќе биде „вооружените сили да станат симбол на соживот, толеранција и почитување на разликите“.
Во 2016 година, по петти пат е избран за пратеник во Собранието, а во 2017 година е избран за Претседател на Собранието на Република Северна Македонија. На 21 август 2020 година, во неговиот шести мандат како пратеник, повторно ја добива довербата од мнозинството пратеници на Собранието и е избран за Претседател на законодавниот дом. 

Во тековниот мандат, Џафери е претседател на Комисијата за уставни прашања, шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), шеф на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ). 

Џафери го застапува ставот дека, „секој пратеник треба да ги исполни очекувањата и да ја оправда довербата која му ја дале гласачите“, оттука, во текот на мандатот активно учествува во работата на Комитетот за односи меѓу заедниците, Националниот совет за евроинтеграции, Комисијата за уставни прашања како претседател, Законодавно-правната комисија, Комисијата за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на Претседателот на Република Македонија, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за финансирање и буџет, Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето, Комисијата за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, Комисијата за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за уставни прашања, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Пратеничката група на Собранието за соработка со Собранието на Република Косово, Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Австрија, Пратеничката група на Собранието за соработка со парламентите на Балтичките земји: Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, Пратеничката група на Собранието за соработка со Саборот на Република Хрватска,  Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република. 

Талат Џафери говори албански, македонски, српски, хрватски и англиски јазик. Оженет е со г-ѓа Мереме Џафери, татко е на Барлет и Бесијана и горд дедо на Фрашер и Ајола. 

Активности во Собранието:

  • Комисија за уставни прашања, претседател
  • Делегација на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), шеф на Делегација
  • Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), шеф на Делегација 


Претходни активности во Собранието
:

  • Координатор на Пратеничка група на ДУИ
  • Комитет за односи меѓу заедниците, член
  • Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
  • Комисија за уставни прашања, претседател
  • Законодавно-правна комисија, член 
  • Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, член
  • Комисија за финансирање и буџет, член
  • Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член
  • Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член
  • Комисија за надзор над работата на Управата за Безбедност и Контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, заменик-член
  • Комисија за прашања на изборите и именувањата, заменик-член
  • Комисија за уставни прашања, заменик-член 
  • Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, заменик- член
  • Делегација на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), шеф на Делегација
  • Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), шеф на Делегација
  • Делегација на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), шеф на делегација
  • Делегација во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
  • Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Косово, претседател
  • Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
  • Пратеничка група на Собранието за соработка со парламентите на Балтичките земји: Република Естонија, Република Латвија и Република Литванија, член
  • Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член
  • Пратеничка група на Собранието за соработка со Парламентот на Чешката Република, член


Претходно искуство

  • 2016 Пратеник, член на ДУИ 
  • 2014-2016 Пратеник, член на ДУИ 
  • 2013-2014 Министер за одбрана 
  • 2011-2013 Пратеник, член на ДУИ 
  • 2008-2011 Пратеник, член на ДУИ 
  • 2004-2006 Заменик-министер за одбрана 
  • 2002-2004 Пратеник, член на ДУИ 
  • 1992-2001 Офицер во АРМ
  • 1985-1991 Офицер во ЈНА


Образование
:

  • 2013 -  Магистер по одбрана
  • 1996 - 1998 Постдиопломски студии - Специјализација за Командни и Штабни должности на Воена Академија “Генерал Михајло Апостолски”- Скопје
  • 1981 - 1985 Воена Академија на Копнена Војска - Смер Пешадија, Белград и Сараево
  • 1977 - 1981 Средно образование: Воена Гимназија, Белград
  • 1969 - 1977 Основно образование: “Përparimi” Чегране, Гостивар

Ордени и титули:

  • 11 ноември 2016 година - Претседателски медал за заслуги доделен од Претседателот на Република Косово за национален придонес и дејност
  • Медал „Херој на мирот во светот“ доделен од Меѓународната организација „Балкански клуб за мир” 
  • 17 февруари 2018 - „Почесен граѓанин на Општина Сухарека“ за придонесот како посветен деец кој придонесува во мирот, слободата и стабилноста во регионот
  • 13 декември 2021 година - Титула „Почесен граѓанин на Општина Лежа“ Како уште еден симбол за мостовите и нераскинливите врски кои ги негуваме со Република Албанија
  • 24 октомви 2022 - "Орден Јарослав Мудриот" од претседателот на Украина и украинскиот народ, за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот
  • 25 ноември 2022 година - Tитула „Doctor Honoris Causa“ од Универзитетскиот колеџ Ќириази, „За особен придонес во официјализирањето на албанскиот јазик, за слободата и правата на Албанците во Северна Македонија, за мудроста и високите интелектуални и државотворни  вредности во заштита на нашиот национален идентитет. За душевните врски со иконите на националното образование Севасти&Параскеви Ќириази и Кристи Дако, кои се историско наследство и продолжение на Универзитетскиот колеџ Ќириази“. 


Е-пошта: pretsedatel@sobranie.mk


   

ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА


Трајко Вељаноски е роден на 2 ноември 1962 година во Скопје. На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" ги завршува студиите по правни науки, а во 1988 година го полага адвокатскиот испит и истата година отвора самостојна адвокатска канцеларија. Како адвокат работи до почетокот на 1999 година.

Своето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнува во 1993 година со вклучувањето во ВМРО- ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба - правото и легислативата. Така, повеќе години ја води Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.       

Во 1999 година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик - министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, конференции и семинари.   

Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на претседателот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции.       

Во повеќе изборни циклуси, како што се претседателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија. 

На парламентарните избори во 2006 година Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. 

На изборите во јуни 2008 година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија. 

На изборите во јуни 2011 е избран за пратеник по трет пат, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е реизбран за претседател на Собранието на Република Македонија.

На изборите во април 2014 е избран за пратеник по четврти пат, а на конститутивната седница на осмиот собраниски состав е реизбран, односно по трет пат е избран за претседател на Собранието на Република Македонија.

Tрајко Вељаноски е оженет и е татко на две деца.

Активности во Собранието: 

  • Комисија за уставни прашања, претседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), шеф на делегацијата
  • Делегација во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), шеф на делегацијата



ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ

 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА

 

 


Контакт информации


Кабинет на претседателот на Собранието на Република Македонија
директен тел.: 3113-268, 3112-255 локал 353
Е-пошта: pretsedatel@sobranie.mk


Биографија на претседателот на Собранието

Трајко Вељаноски е роден на 2 ноември 1962 година во Скопје. На Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" ги завршува студиите по правни науки, а во 1988 година го полага адвокатскиот испит и истата година отвора самостојна адвокатска канцеларија. Како адвокат работи до почетокот на 1999 година.
     
Своето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнува во 1993 година со вклучувањето во ВМРО- ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба - правото и легислативата. Така, повеќе години ја води Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.
     
Во 1999 година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик - министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, конференции и семинари.
 
Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на претседателот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции.
     
Во повеќе изборни циклуси, како што се претседателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија.

На парламентарните избори во 2006 година Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
На изборите во јуни 2008 година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија.
На изборите во јуни 2011 е избран за пратеник по трет пат, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е реизбран за претседател на Собранието на Република Македонија.

Трајко Вељаноски е оженет и е татко на две деца.

Активности во Собранието: 

  • Комисија за уставни прашања, претседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во Интерпарламентарната унија (ИПУ), шеф на делегацијата

 


ТРАЈКО ВЕЉАНОСКИ

 ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 


Контакт информации


Кабинет на претседателот на Собранието на Република Македонија
директен тел.: 3113-268, 3112-255 локал 353
e-mail: pretsedatel@sobranie.mk


Биографија на претседателот на Собранието

Трајко Вељаноски е роден на 2 ноември 1962 година во Скопје. На Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" ги завршува студиите по правни науки, а во 1988 година го полага адвокатскиот испит и истата година отвора самостојна адвокатска канцеларија. Како адвокат работи до почетокот на 1999 година.
     
Своето политичко ангажирање Трајко Вељаноски го започнува во 1993 година со вклучувањето во ВМРО- ДПМНЕ. Неговото политичко дејствување е тесно поврзано со неговата професионална определба - правото и легислативата. Така, повеќе години ја води Комисијата за правни работи на ВМРО-ДПМНЕ, член е на Комисијата за политички систем, а исто така го води и Форумот за правни и политички прашања и судски систем на ВМРО-ДПМНЕ.
     
Во 1999 година е избран за потсекретар во Министерството за правда на Владата на Република Македонија, каде што набргу станува и заменик - министер. Притоа, посебено е активен во подготвувањето на закони, но има и активно учество во процесот на нивното донесување во Собранието и собраниските работни тела. Исто така, учествува во подготвките на повеќе меѓународни билатерални и мултилатерални договори, како и учество на меѓународни средби, конференции и семинари.
 
Во овој период е и член на Комисијата за претставки и предлози на претседателот на Република Македонија, а исто така е член и на Управниот одбор на Центарот за европски интеграции.
     
Во повеќе изборни циклуси, како што се претседателските, парламентарните и локалните е ангажиран како член на Државната изборна комисија.

На парламентарните избори во 2006 година Трајко Вељаноски е избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и во тој мандатен период до април 2008 година е претседател на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата. На изборите во јуни 2008 година повторно е избран за пратеник, а на конститутивната седница на новиот собраниски состав е избран за претседател на Собранието на Република Македонија.

Трајко Вељаноски е оженет и е татко на две деца.


Активности во Собранието

  • Комисија за уставни прашања, претседател
  • Делегација на Собранието на Република Македонија во
    Интерпарламентарната унија, претседател


МЕТОДИЈА АНДОНОВ - ЧЕНТО





 
Методија Андонов - Ченто потекнува од сиромашно селско семејство. Роден е на 17 август 1902 година во Прилеп. Уште како млад соработувал со помладите интелектуалци од градот и бил забележан уште тогаш како сепаратист и автономист кој го подбуцнувал народот и создавал несигурност кај кралската власт, поради што неколку месеци одлежал в затвор. Се залагал македонските деца да го учат македонскиот јазик и слободно да го зборуваат. По Србите, доаѓаат Бугарите кои го ставаат во концентрационен логор, каде што е задржан се до 1943 година. На 1 октомври 1943 година Ченто заминува во партизани.
     
По занимање бил трговец. Бил почитуван во градот поради својата чесност и патриотизмот што го искажувал. Како виден граѓанин бил вклучен во политичкиот живот на Прилеп. На изборите 1938 година, како самостоен кандидат на листата на опозицијата, добил најмногу гласови. Било оценето дека не бил избран за пратеник поради државната великосрпска манипулација со изборниот систем. Ченто бил еден од организаторите на Илинденските демонстрации во Прилеп (1939), за што бил затворен во Велика Кикинда. Уште во 1940 година се залагал за воведување на мајчиниот јазик во наставата во училиштата и пак бил затворен и интерниран во Баина Башта.
     
Бугарските окупаторски власти го интернирале во логорот „Чучулигово“, Петричко. По интернацијата, во октомври 1943 година преминал на слободна територија и се вклучил во Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ. Набргу потоа бил избран за претседател на Одборот.

На 2 август 1944 година, како учесник на Првото заседание на АСНОМ, е избран за претседател на Президиумот на ова највисоко државно тело на Демократска Федерална Македонија, која подоцна е именувана како Нардона Република Македонија. Како што е познато, токму на тоа заседание се донесени историските одлуки со кои е конституирана македонската држава. Бил и делегат и член на АВНОЈ.
     
За претседател на Президиумот Методија Андонов - Ченто бил избран и на Второто заседание на АСНОМ, на 29 и 30 декември 1944 година. Бил и прв претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ.
     
Со своите политички ставови Ченто се залагал за поголема самостојност на Републиката во однос на федералните органи. Истовремено го поставувал прашањето за обединување на Македонија. Таквите негови ставови дошле во судир со официјалната политика.

Во 1946 година бил исклучен од КПЈ и поднел оставка на сите функции. Бил обвинет за национализам - дека сакал отцепување на Народна Република Македонија од Демократска Федеративна Југославија и нејзино ставање под американски протекторат. Бил осуден на 11 години затвор, каде што останал до септември 1955 година. Починал во Прилеп на 24 јули 1957 година.
     
Рехабилитиран е во 1991 година, кога Македонија ја прогласува својата целосна самостојност, независност и сувереност.



 

БОРИС СПИРОВ

 

 

 

 

 
Докор Борис Спиров е роден на 22 септември 1898 година во селото Брждани, Кичевско. Произлегува од земјоделско печалбарско, но и револуционерно семејство. Татко му и неговиот чичко биле селски војводи, вклучени во македонското револуционерно ослободително движење. И самиот д-р Борис Спиров бил член на ВМРО-Обединета.
     
Основното образование го завршил во родното село. Три класа завршил во тогашната кичевска прогимназија, која ја нарекувале „егзархиски пансион“, истовремено работејќи и како овчарче кое извршувало и змјоделски работи.
     
Школувањето го продолжил во Софија, каде што татко му отворил кафеана што ја наследнил братот на Борис Спиров, а во која и самиот тој работел за да обезбеди средства за своето натамошно школување. Во 1919 година со успех ја завршил гимназијата во Софија. Во 1921 година почнал да студира медицина во Австрија.

Медицинските студии ги продолжува во Лајпциг (Германија), каде што во 1928 година дипломирал, а потоа одбранил и докторска дисертација од областа на медицинските науки. Извесно време работел како лекар во Плевенско (Бугарија), а подоцна во Плевен имал и приватна медицинска ординација.
     
Во 1928 година бил член на Бугарската работничка партија, а од 1931 година и член на нелегалната Комунистичка партија на Бугарија. Поради неговата комунистичка активност често бил прогонуван, затворан и мачен, па дури и двапати бил осудуван на смрт и во последен момент бил амнестиран.
     
Во својство на претседател на Областниот комитет на Отечествениот фронт на Плевен (Бугарија), на 9 септември 1944 година зел активно учество во преземањето на власта од фашистите, а учествувал и во организирањето на новата власт на народот.

На 20 септември 1944 година зел активно учество во преземањето на власта од фашистите, а учествувал и во организирањето на новата власт на народот. На 20 септември 1944 година бил доброволец во бригадата „Гоце Делчев“ што била формирана во Софија и бил шеф на санитетска служба. Таквата должност подоцна ја извршувал и во Пехчево, во штабот на Брегалничко - Струмичкиот корпус.
     
Од 27 септември 1944 година е кооптиран за член на АСНОМ како народен пратеник од Кичевско, додека од декември истата година ја извршува должноста прв секретар на Президумот на АСНОМ. Истовремено бил и член на Извршниот одбор на ЕНОФ (Единствениот народноослободителен фронт). На 16 април 1945 година бил преизбран за прв секретар на Президиумот на Народното собрание на Народна Република Македонија.

Во 1946 година извесно време бил и министер за социјални грижи, а во ноември истата година бил избран за претседател на Уставотворното собрание на НР Македонија. Од 30 декември 1946 до 30 декември 1947 година е претседател на Народното собрание на Македонија, а потоа е именуван за прв потпретседател на Президиумот на Народното собрание.
     
Забележлива активност пројавил во времето na основањето на Медицинскиот факултет во Скопје и во неговите натамошни активности, извршувајќи и раководни задачи, меѓу кои и шеф на наставното одделение и професор.



 

ДИМИТАР НЕСТОРОВ

 

 

 

 
 
Роден е во Струга на 10 јуни 1890 година. Основно образование завршува во својот роден град, а класична машка гимназија во Битола, во 1909 година. Една година потоа работи како учител во Струга, по што заминува во Женева, Швајцарија, каде што студира медицина.

Исполнет со напредни и револуционерни идеи, уште во раната младост бил вклучен во напредното студентско движење во Женева и е еден од главните организатори на движењето за слободна Македонија. Неговото досие бележи дека бил автор на текстот на Меморандумот што е изгласан на меѓународната конференција на Друштвото на народите што се одржува во Берлин во 1919 година, со кој пред целата европска јавност се афирмира барањето за признавање на македонската нација и држава.

Во Швајцарија Несторов со голем ентузијазам ја раководи активноста на студентската организација во која членувале многу Македонци што студирале во Женева, Цирих и Лозана. Основното мото на македонските студенти било „Македонија на Македонците“, „Слободна Македонија“, „Независна Македонија“...
     
По завршувањето на студиите 1921 година, Несторов се враќа во Струга, а потоа се вработува и живее во Битола. За кратко време, поради својот однос кон граѓаните станува мошне познат и најчесто наречуван „народен доктор“. Во 1924 година во Битола и во Битолско во голем замав е појавата на маларија и на други заразни болести за чие сузбивање голема заслуга имаат д-р Димитар Несторов и тимот млади лекари кои целосно и се посветуваат на медицинската работа за искоренување на заразата.
     
За време на окупацијата Несторов активно се вклучува во редовите на општонародното движење, а во неговиот дом бил основан и првиот Народноослободителен одбор, чиј потпретседател бил подоцна. Неговата политичка активност не можела да биде незабележана од окупаторските власти, па затоа набргу бил уапсен и интерниран во Бугарија на отслужување на казна.

Со д-р Вукашин Попадиќ и неговата сопруга Мирјам, заедно со д-р Дума и д-р Трифун Пановски, организирано дејствува на собирање санитетски материјал и друг вид помош за партизанските одреди кои штотуку без формирани. Во НОБ активно учествува во партизанската база во Демирхисарско.
     
Во 1944 година, во екот на подготовките за одржување на Првото заседание на АСНОМ, бил кооптиран првин за член, а на 30 декември истата година и за член на Президиумот на АСНОМ. Четири месеци подоцна,во април 1946 година е сојузен министер за здравство и тогаш ја презема иницијативата за основање Медицински факултет во Скопје.

По оставката на Методија Андонов - Ченто на функцијата претседател, на 15 март 1946 година, од 16 март до 30 декември истата година, д-р Насторов ја врши функцијата в.д. претседател на АСНОМ и функцијата сојузен министер за здравство.
      
Од 30 декември 1946 до 30 декември 1947 година претседател на Народното собрание е д-р Борис Спиров, а по неговото заминување од оваа должност, на 30 декември 1947 година функцијата претседател ја презема д-р Димитар Несторов, кој со голем успех ќе ја врши се до 3 јануари 1951 година.

Потоа Несторов работи како началник во Министерството за здравство, а потоа заминува во Битола, каде е управник на тамошната болница, станува повереник за народно здравје на Битолската околија, народен пратеник во Собранието и во Сојузното собрание на Југославија, а врши и други одговорни општествени должности.
     
Во 1945 година АВНОЈ го одликува со Орден за заслуги за народ од втор ред, а во 1961 година е одликуван со Орден на трудот со златен венец. Се пензионира во 1964 година. Почина на 7 февруари 1968 година.



 

ДИМЧЕ СТОЈАНОВ - МИРЕ

 

 

 

 
  
 
Еден од учесниците во националноослободителното движење и член на Президиумот на АСНОМ. Роден е во Прилеп во 1910 година. Дипломирал историја на Белградскиот универзитет. Од 1935 до 1940 година бил професор во Прилеп, а потоа во Кратово и во Ловеч (Бугарија). Бил активно вклучен во комунистичкото движење.

Поради неговата антифашистичка ангажираност бил интерниран во логорот „Чучулигово“ (Пиринска Македонија). По излегувањето од затвор, се вклучил во акциите на Втората народноослободителна бригада, а потоа и во Петтата. Бил избран за член на АСНОМ, а на неговото Второ заседание бил избран за член на Президиумот и повереник за просвета.
     
По ослободувањето Димче Стојанов - Мире извршувал одговорни државни и општествено-политички функции, меѓу кои бил и претседател на Народното собрание на Народна Република Македонија.
     
Неговиот избор за претседател е извршен на 4 јануари 1951 година, и тоа едногласно, од страна на сите пратеници. По изборот им се обратил на народните пратеници со краток говор:
     
„- Ние од своја страна ќе се трудиме да ја оправдаме оваа голема чест и доверба и ќе вложиме усилби со својата работа да придонесеме во општите напори што ги вложува нашиот народ за изградба на социјализмот.“
     
На истата седница претседателот на Собранието Димче Мире ги известува народните пратеници дека Народното собрание од Второто свикување примило многубројни телеграми од сите краишта на НР Македонија во кои населението бара од Народното собрание, како највисок орган на народната власт, да донесе закон за симнување на зарот и фереџето.
    
Димче Стојанов исто така се залагал за доследна примена на Уставот и побарал од пратениците посамопрегорно да се ангажираат во натамошното продлабочување на социјалистичката демократија, за подигнување на благосостојбата и за јакнење на морално-политичкото единство на македонскиот народ, за јакнење и продлабочување на братството и единството на нашиот народ со другите народи и народности.
     
Димче Стојанов - Мире бил и директор на Архивот на Македонија во периодот 1960-1978 година. Починал во Скопје во 1991 година. 



 

ЛАЗАР КОЛИШЕВСКИ

 

 

 

 

 
Лазар Колишевски е роден во Свети Николе на 12 февруари 1914 година. Пред војната бил металски работник. Завршил воено-занаетчиска школа во Воено-техничкиот завод во Крагуевац. Како ученик и работник во Заводот, учествувал во работа на напредното младинско и работничко движење. Бил и еден од раководителите на напредната младина. Поради политичката дејност повеќепати бил апсен и прогонуван.

Колишевски бил и секретар на партискиот комитет на Воено-техничкиот завод во Крагуевац и организационен секретар на Окружниот комитет на КПЈ. Како делегат учествувал во Петтата земска конференција на КПЈ во 1940 година во Загреб. Поради политичката активност бил отпуштен од Воено-техничкиот завод. По одлука на Покраинскиот комитет на Комунистичката партија на Југославија за Србија, на почетокот на 1941 година заминува на работа во Смедеревска Паланка заради формирање на партиска организација.
     
По капитулацијата на Кралството Југославија, по одлука на ЦК на КПЈ, доаѓа на работа во Македонија како доверител (повереник) на ЦК на КПЈ за Македонија заради доследно спроведување на политиката на Комунистичката партија на Југославија за вооружено востание. Тука се судира со тогашниот секретар на ПК на КПЈ за Македонија Методија Шаторов - Шарло, кој без знаење на ЦК на КПЈ, а со поддршка на Централниот комитет на Бугарската работничка партија, самоволно ја приклучил македонската партиска организација кон бугарската.
     
Кон крајот на август 1941 година, по интервенција на Централниот комитат на Комунистичката партија на Југославија и лично на Тито до Коминтерната, партиската организација на Македонија повторно е вратена во составот на Комунистичката партија на Југославија, а Колишевски е именуван за секретар на ПК на КПЈ за Македонија и за раководител на Покраинскиот воен штаб.

На почетокот на ноември 1941 година „е провален“ и бил уапсен од бугарската полиција. Поради својата револуционерна дејност е осуден на смрт. Подоцна смртната казна му е преиначена во доживотна робија. На робија во бугарскиот затвор во Плевен се наоѓа се до капитулацијата на фашистичка Бугарија на 9 септември 1944 година, кога се враќа во Македонија.
     
Со формирањето на ЦК на КПМ, во март 1943 година е избран за секретар и на таа функција е сé до јули 1963 година. Лазар Колишевски бил избран и за делегат на Второто заседание на АВНОЈ и бил член на АВНОЈ, како и делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на АСНОМ. На Второто (прво вонредно заседание) на АСНОМ е избран за претседател.
Од 1944 година без прекин е избиран за народен пратеник во Народното собрание на Република Македонија и во Сојузната народна скупштина.
     
Во март 1945 година едногласно е избран за прв претседател на Првата народна влада на Демократска Федерална Македонија, а од 19 декември 1953 година е претседател на Народното собрание на Народна Република Македонија. На таа функција одново е избран на 15 април 1958 година и ја извршува сé до 26 јуни 1962 година.

Од 1963 до 1967 година е претседател на Сојузниот одбор на ССРНЈ. Од 1967 до 1972 година е член на Советот на Федерацијата, додека од 1972 до 1984 година е член на Претседателството на СФРЈ. Кратко време, по смртта на Јосип Броз Тито, ја извршуваше и функцијата претседател на Претседателството на СФРЈ.
     
Носител е на највисокото југословенско одликување - Југословенска голема ѕвезда, на Орден на заслуги за народ од прв ред, Орден братство-единство од прв ред, Орден на храброст, а е и носител и на Партизанска споменица 1941 и е прогласен за народен херој. Почина на 6 јули 2000 година.



 

ЉУПЧО АРСОВ

 

 

 

 

 
Револуционер, државник, народен херој, еден од најпознатите и најактивните општествено-политички работници и раководители на Република Македонија. Роден е на 19 мај 1910 година во Штип. Потекнува од трговски семејство кое е активно вклучено во народноослободителната борба на македонскиот народ од отоманското ропство и меѓу двете светски војни.

Уште од најрана младост се вклучува во народното младинско и работничко движење. Во членството на Комунистичката партија на Југославија е од јуни 1940 година. Бил секретар на партиска ќелија и член на Првиот реонски комитет на КПЈ во Белград. Во јуни 1941 година, по враќањето од заробеништво во Белград, по налог на КПЈ заминува на работа во Штип.
     
Пред Втората светска војна, како банкарски чиновник, работел во Сојузот на банкарите, на осигурителните, на трговските и на индустриските чиновници во Белград. Како член на месниот комитет за Штип и за Битола, во 1941 година учествува во подготовките на вооруженото востание во Македонија кое, како што е познато, се кренало на 11 Октомври.

Од пролетта 1942 до март 1943 година е во бугарски затвори и во интернација поради неговата слободољубива дејност и засилена активност на општествено-политички план. Од јуни 1942 година е член на ПК на КПЈ за Македонија, член на Преивремениот ПК и на Главниот штаб на Народноослободителната војска и на партизанските одреди на Македонија.
     
По враќањето од затвор е секретар на Четвртиот областен комитет на КПМ и член и секретар на Петтиот областен комитет на КПМ. До есента 1943 година е член на Штабот на Петтата оперативна зона и раководител на активностите и акциите на Козјачкиот партизански одред. Од 1944 година до Четвртиот конгрес на КПМ е член на ЦК СКМ, а од Петтиот до Осмиот конгрес - член на ЦК СКЈ.
     
На Првото заседание на АСНОМ е избран за секретар на Президиумот (Претседателството на АСНОМ). Бил избран за потпретседател и министер за финансии во Првата народна влада на Македонија, а потоа е именуван за претседател на Комисијата на државна контрола на Македонија.

Од јануари 1948 до декември 1953 година е министер за труд во сојузната влада на Југославија. Во периодот 1953-1960 година е претседател на Извршниот совет на Собранието на Република Македонија, а член на Сојузниот извршен совет - 1960 до 1962 година. Од 26 јуни 1962 до 24 јуни 1963 година е претседател на Народното собрание на Република Македонија. Од 1963 - 1967 година е претседател на Републичката конференција на ССРНМ.

Во истиот тој период одново е претседател на Извршниот совет на Собранието на Република Македонија. Од 1967 до 1971 година е потпретседател на Сојузната конференција на ССРНЈ, член на Советот на југословенската федерација, додека во периодот од 1979 година е член на Претседателството на СРМ, а бил и негов претседател. До 1974 година Љупчо Арсов е избран во сите свикувања на Собранието на СРМ и во Сојузното собрание.
  
Љупчо Арсов е народен херој на Југославија и Јунак на социјалистичкиот труд. Носител е и на Партизанска споменица 1941. Трагично го загуби животот во 1986 година. 



 

ВИДОЕ СМИЛЕВСКИ - БАТО

 

 

 

 

 
Видое Смилевски - Бато повеќе од четири децении без прекин, сé до последниот здив, се наоѓаше на многу разновидни фронтови на кои им беше потребен на Револуцијата и Партијата. Како истакнат и доследен борец на нашето револуционерно движење - организатор на Партијата, раководител, државник, сестран општествен работник, секаде каде што се наоѓаше и дејствуваше го оставаше и го остави својот неизбришлив печат - втемелен во слободата на Социјалистичка Република Македонија. Бато имаше богато револуционерно искуство.
   
Роден е на 14 август 1915 година во с. Никифорово, кај Маврово, Гостиварско. Потекнува од печалбарско семејство и уште од најраните години ја почувствувал горчината на печалбарството, таа толку честа судбина на Македонецот во неговата битка за опстанок и гола животна егзистенција. Од најраните детски години работи во угостителскиот дуќан на татко му во Белград. Од тешко спечаленото, неговите издвојуваат за големата жед за знаење на својот Видое. Работејќи тој се школува: во Белград завршува основно образование, гимназија и државна трговска академија.

Студира и економија, но воените услови го попречуваат да ја надгради веќе здобиената наобразба. Неговата револуционерна активност до 1944 година се одвива, главно, во Белград и на подрачјето на Србија. Во јули таа година партиската задача го води Смилевски во неговата Македонија, која се подготвуваше во вриежот на вооруженото востание да го одржи историското заседание на АСНОМ. Како учесник на Првото заседание на АСНОМ со восхит ги доживува историските мигови на создавањето на слободната држава на македонскиот народ и на народностите во Македонија.

Тука со нов револуционерен елан ја продолжува својата дејност како секретар на Четвртиот областен комитет на КП на Македонија. Кооптиран е за член на ЦК на КПМ, а од октомври ја презема должноста - секретар на Првиот областен комитет на КП на Скопската област.
     
По извојуваната слобода, своето богато револуционерно искуство Смилевски несебично го става во служба на обновата и изградбата на разурнатата земја, го вградува во растежот на народната власт и социјалистичката револуција.
     
Покрај многуте должности што ги извршувал во КПМ/СКМ, постојано е избиран за член на ЦК на СКЈ од Петтиот до Осмиот конгрес, а член на Претседателството на ЦК на СКЈ е од 1969 година. Покрај другото бил претседател на Главниот одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОВ на Македонија и потпретседател на Главниот одбор на Сојузот на здруженијата на борците од НОВЈ.
     
Уште од самиот почеток е едн од втемелувачите на народната власт и континуирано работи врз нејзиното оспособување и јакнење. Во 1947 - 1950 година Видое Смилевски - Бато е потпретседател на Владата на НР Македонија, во 1950 - 1951 година е претседател на Президиумот на Народното собрание на НРМ, во 1952 - 1954 година е потпретседател на Владата на НРМ, а во наредните две години одново се враќа во Народното собрание и од 25 јуни 1963 до 12 мај 1967 година е претседател на Собранието на Република Македонија.

Во наредните години е претседател на Сојузниот собор на Сојузната скупштина, член на Советот на Федерацијата, пратеник во Соборот на народите во Сојузното собрание, претседател на Управниот одбор на Републичкиот фонд за кредитирање на побрзиот стопански развој на недоволно развиените краишта. Смртта го затекна на 8 септември 1979 година, кога ја извршуваше должноста претседател на Претседателството на СР Македонија и член на Претседателството на ЦК СКМ.
     
Одликуван е со Орденот народен херој, јунак на социјалистичкиот труд, а е носител и на Партизанска споменица 1941.



 

МИТО ХАЏИВАСИЛЕВ - ЈАСМИН

 

 

 

 

 
Животниот пат на Мито Хаџивасилев - Јасмин почнува во Кавадарци, градот на убавината на виното, каде што е роден на 21 декември 1922 година, за да се пресели потоа во Битола каде што завршува гимназија. Уште во училишните клупи почнува да соработува со напредното младинско движење. Во 1940 година, како 18 - годишен младинец е примен во членство во КПЈ. Пред војната тој е член на Месниот комитет во Кавадарци и секретар на МК на СКОЈ.

Поради неговата активност бил затворен. До ослободувањето Мито Хаџивасилев извршува истакнати функции во народноослободителното движење: заменик политички комесар на Третата оперативна зона на НОВ и ПОЈ за Македонија и заменик политички комесар на Втората народноослободителна македонска ударна брига.

До 15 јануари 1945 година е член на Обласниот народен одбор во Битола, а од крајот на 1945 година до први јануари 1948 година е главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“. На полето на новинарството и публицистиката тој постигна извонредни резултати.

Остави многубројни трудови што останаа забележани на страниците на дневниот печат и периодичните списанија. Автор е на повеќе книги и брошури, а меѓу нив од областа на македонската национална историја се „ВМРО-Обединета“, „Јане Сандански“ и „За великобугарскиот шовинизам“, од областа на општествените науки „Свртени кон човекот“, „СКЈ и непосредната демократија“, „Социјалистичката распределба според трудот“, „Одраз-Израз“, „За противречностите на социјализмот“.
 
Мито Хаџивасилев извршувал должност директор на Уредот за информации на НРМ и началник за агитација и пропаганда во Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија. Во 1962 година повторно е именуван за главен уредник на весникот „Нова Македонија“.
     
Речиси две децении Хаџивасилев е член на највисоките партиски и државни органи на Републиката. На Првиот конгрес на КПМ бил избран за кандидат, а потоа и за член на ЦК КПМ. На Вториот и Третиот конгрес на КПМ одново е избран во највисокото партиско раководство, а на Седмиот конгрес на СКЈ - за член на Централниот комитет. Од 1957 година беше претседател на Идеолошката комисија на ЦК СКМ, а од 1964 до 1967 - член на ИК на ЦК СКМ и секретар на ЦК СКМ за идеолошкиот сектор. Бил и член на Претседателството.
     
Мито Хаџивасилев - Јасмин заземал истакнати функции и во државниот апарат. Беше пратеник во Народното побрание на НРМ (второ, трето и четврто свикување), секретар на Извршниот совет на Македонија, а бил пратеник и во Сојузното собрание, како и член на Советот на Федерацијата.

На 12 мај 1967 година беше почестен со изборот за тогаш највисоката државничка функција во Републиката - претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија. На таа функција беше со едногодишен мандат. Носител е на повеќе признанија и одликувања за својата неуморна дејност. Почина на 1 август 1968 година. 



 

НИКОЛА МИНЧЕВ

 

 

 

 


Животниот пат на Никола Минчев е исполнет со непрекината активност и творештво уште од пред војната - во напредното младински и студентско движење, потоа како активен учесник во Народноослободителната борба и Револуцијата од нејзиниот почеток од 1941 година, како и во периодот по ослободувањето во социјалистичката изградба на земјата.

Во неговото богато животно и работно искуство се вткаени крупни постигања во задачите што ги извршување на повеќе полиња од општественото живеење. Не случајно се вбројува меѓу најодговорните државно-политички функционери на Република Македонија.

Никола Минчев е учесник во НОВ од 1941 година. Член на КПЈ е од 1943 година. Еден од организаторите е на Првиот тиквешки партизански одред, бил командант на Третата оперативна зона, секретар на околиски и областен комитет на КПМ, член на Главниот штаб на Народноослободителната војска и на Партизанските одреди на Македонија.

Бил член и потпретседател на Владата на Република Македонија, потпретседател на Собранието на РМ, член на Сојузниот извршен совет, претседател на Извршниот совет на Собранието на Социјалистичка Република Македонија, член на Советот на Федерацијата, на ЦК СКЈ и на ЦК СКМ, на Политбирото и на Извршниот комитет.
 
Основното образование го добил во Кавадарци, а Учителска школа завршил во Скопје пред Втората светска војна. Учителствува во неколку села во Македонија, во времето на Кралство Југославија. Пред самата Втора светска војна, од 1940 година, бил учител во скопското село Љубанци.

Тогаш се запишува на Скопскиот универзитет, како вонреден студент на групата филозофија со педагогија. Потекнува од старо македонско револуционерно семејство. Бил делегат на Второто заседание на АВНОЈ и на Првото заседание на АСНОМ и член на Президиумот на АСНОМ. Никола Минчев е прв министер за просвета во првата македонска влада. Тој ја потпиша одлуката за првата македонска азбука и првиот македонски правопис и учествува при основањето на Филозофскиот факултет во Скопје.
     
Повеќе од една деценија Никола Минчев бил на функции во Федерацијата. Беше член на Сојузниот извршен совет и ги извршуваше функциите министер за финансии на Југославија и директор на Сојузниот завод за стопанско планирање.
     
Со својата богата и плодна активност, Никола Минчев во текот на целиот свој живот давал значаен придонес во изградбата на Република Македонија. Функцијата претседател на Собранието на Република Македонија ја извршување со голем успех од 23 септември 1968 до 6 мај 1974 година. Почина на 6 април 1997 година. Одликуван е со високи признанија за значаен придонес за изградбата на Република Македонија. 

 

БЛАГОЈА ТАЛЕСКИ

 

 

 

 

 
Роден е на 17 јануари 1924 година во Прилеп. Благоја Талески е еден од поистакнатите партиски и воени раководители на Република Македонија. Бил и државник. Произлегува од многудетно занаетчиско семејство. Уште на 16-годишна возраст бил член на Комунистичката партија на Југославија.

Учествувал во Илинденските демонстрации во 1940 година, поради што бил апсен и затворан во велешкиот и скопскиот затвор и во затворот на Ада Циганлија. Учествувал во подготовките за вооруженото востание. Во октомври 1940 година е уапсен и интерниран во Бугарија. По враќањето од затвор Талески е секретар на областен комитет на КПМ. Учествувал во формирањето на оперативната зона на партизанските одреди „Даме Груев“ и „Гоце Делчев“.

Како партиски и воен раководител дејствувал во мобилизирањето на народот во Преспа, Прилеп , Крушево и Битола. Има високо образование и се вбројува меѓу активните општествено-политички работници. Носител е на Партизанска споменица 1941. Заземал повеќе раководни функции во Република Македонија и во југословенската федерација.

Покрај другото бил секретар на Општинскиот комитет на Битола, началник на Кадровското одделение на ЦК СКМ, секретар на Градски комитет на СКМ, секретар на Околискиот комитет на СКМ - Прилеп, секретар на Главниот одбор на ССРНМ. Од 1963 до 1966 година е претседател на Контролната комисија во Владата на Народна Република Манедонија, бил член на АСНОМ од 1944 до 4 септември 1946 година.

Бил пратеник на Првото и Второто свикување на уставотворните собранија на Македонија од 4 септември 1946 до 3 декември 1950 година. Бил пратеник на Второто, Третото и Четвртото свикување на Сојузното собрание (Сојузен собор) од 26 март 1950 до 8 јуни 1963 година. Бил пратеник и во Стопанскиот собор на Сојузното собрание од 3 јуни 1963 до април 1965 година.
     
Во Собранието на Социјалистичка Република Македонија бил пратеник во стопанскиот собор на Собранието на СРМ од 9 април 1967 до 9 април 1969 година и пратеник на Стопанскиот собор на Собранието на СФРЈ од април 1969 до април 1974 година. Благоја Талески беше претседател и на Републичкиот совет на ССМ (Сојузот на синдикатите на Македонија) од 1963 до 1966 година. И во стопанскиот живот на Република Македонија има забележлива активност.

Покрај другото, бил претседател на Околискиот задружен сојуз на Битола и генерален директор на Здруженото претпријатие „Југотутун“ во Скопје. Функцијата претседател на Собранието на Република Македонија Благоја Талески ја извршуваше во два мандата од по четири години, односно од 7 мај 1974 до 28 април 1982 година. 
Беше член на претседателството на СКМ и член и претседател на Претседателството на Социјалистичка Република Македонија. Почина во 2001 година.     



 

БОШКО СТАНКОВСКИ

 

 

 

 

 
Роден е на 26 октомври 1925 година во село Брусник, Битолско. Учесник е во Народноослободителната борба и е носител на Партизанска споменица 1941. Бил член на СКОЈ од јануари 1941 година, а член на КПЈ - од ноември 1943 година. Завршил Институт за општествени науки во Белград. Бил член на Секретаријатот на Републичкиот совет на Сојузот на синдикатите на Македонија, секретар на Извршниот комитет на ЦК на СКМ, претседател на Републичката конференција на ССРНМ, член на Претседателството на ЦК на СКМ. На Осмиот конгрес на СКЈ бил избран за член на СК на СКЈ. 
     
Уште како млад Бошко Станковски бил вклучен во активностите на Народноослободителниот младински сојуз, поради што бил избран за член на Секретаријатот на Главниот одбор на НОМС, а подоцна бил избран за претседател на Главниот одбор.
     
Од 1947 до 1948 година е слушател на средната партиска школа на ЦК СКМ, а потоа во 1951/1952 година бил наставник и заменик на директорот на таа школа. Во учебната 1952/1953 и 1953/1954 година е студент на Институтот за општествени науки во Белград, каде што и дипломира со одличен успех. Од 1960 до 1962 година е именуван за раководител на Марксистичкиот центар на ЦК СКМ.
     
За повеќегодишната плодна општествено-политичка активност и за работата во органите на власта Бошко Станковски е лауреат на многубројни признанија. Одликуван е со Орден на Републиката, Орден на трудот со црвено знаме, Орден братство и единство со сребрен и со златен венец и Орден за храброст. Има добиено и неколку одликувања од странство.
     
На конститутивната седница на Собранието на Социјалистичка Република Македонија од третото делегатско свикување, од 28 април 1982 година, на кое беа конституирани новите состави на Претседателството на СРМ и на Извршниот совет, за претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија беше избран Бошко Станковски. На таа заедничка седница на сите собори на Собранието беше извршен и изборот на членовите на Претседателството на СР Македонија во состав: Џемаил Вејсели, Ванчо Апостолски, Филип Брајковски, Томе Буклевски, Ангел Чемерски, Благоја Талески, Благој Попов и Фахри Каја. За претседател на Извршниот состав на Собранието на СРМ беше избран Драгољуб Ставрев.
     
Функција претседател на Собранието Бошко Станковски ја извршуваше до 28 април 1984 година. Трагично го загуби животот на 13 март 1987 година.    



 

КАТА ЛАХТОВА

 

 

 

 

 
Родена е на 30 август 1924 година во Радовиш. Од 1944 година е учесник во НОБ, кога што била примена и за член на Комунистичката партија на Југославија. Во НОБ била политички комесар на чета и заменик политички секретар на баталјон.
     
Во својата долгогодишна работа и активност од ослободувањето на земјата до крајот на нејзиниот живот (24 февруари 1995 година), се здобила со богато искуство, извршувајќи притоа повеќе одговорни раководни должности и функции во органите на Републиката и во општествено-политичките организации. Била секретар на Околискиот комитет на КПМ во Радовиш, член на Управата за агитација и пропаганда на ЦК СКМ, секретар на Општинскиот комитет на КПМ - Охрид, секретар и претседател на Комисијата за статутарни прашања на СКМ, член на Централниот комитет на СКМ, член на Главниот одбор на Народниот фронт на Македонија, претседател на Конференцијата за општествена активност на жените, член на Секретаријатот на Сојузниот одбор за општествената положба на жените на Југославија, делегат на Собранието на СРМ во Собранието на СФРЈ, претседател на Општествено-политичкиот одбор на Собранието на СРМ и потпретседател на Собранието.
     
Својствено за времето во кое што дејствува и работи, Ката Лахтова се пројавува како голем борец за развој на општествено-политичкиот и економскиот живот, за изградбата на општеството врз самоуправни односи, за доминантната улога на работничката класа, а се залага и за развивање и јакнење на братството и единството, рамноправноста и заедништвото на македонскиот народ и народностите.
     
Со своите работни, стручни и морално-политички квалитети и способности се стреми за примената и развивањето на колективната работа и одлучувањето, за остварување на личната и колективната одговорност, а се пројавува и како борец против антисоцијалистичките и антисамоуправните појави, како и против сите видови национализам, сепаратизам, шовинизам, иредентизам итн.
     
Функцијата претседател на Собранието на Република Македонија ја извршува од 28 април 1984 до 25 април 1985 година. 



 

СТАНКО МЛАДЕНОВСКИ

 

 

 


 
  
 
Младеновски, како профил и претставник на успешни раководители во стопанството на Република Македонија, пред да биде избран на функцијата претседател на Собранието на Република Македонија работеше во фабриката за заварени цевки и профили „11 Октомври“ во Куманово, каде што ја извршуваше должноста директор на погон. Станко Младеновски во периодот од 1965 до 1970 година работел во претпријатие за водостопанство како главен инженер. Две години пред да биде директор на погон за конфекционирање на производството, бил проектант. Во 1984 година бил именуван за генерален директор на работната организација „Искра“ од Куманово.
     
Младеновски е роден на 9 ноември 1937 година во с. Врачовце, Кумановско. Завршил Технички факултет, градежен оддел. Бил член на Советот за народна одбрана на Собранието на општината во периодот 1974 до 1981 година. Членувал во работните тела и во општествено-политичките организации во непосредното производство. Од 1967 до 1971 година бил член на Општинската конференција и на Општинскиот комитет на Сојузот на комунистите во Куманово; од 1974 до 1980 година бил секретср на Општинскиот комитет на СКМ, а потоа и претседател на Општинската конференција на СКМ.. Исто така, Младеновски бил член на Претседателството на ССРНМ од 1974 до 1981 година и член на Централниот комитет на Сојузот на комунистите на Македонија меѓу Седмиот и Осмиот конгрес.
     
Во Собранието на Република Македонија бил делегат во Одборот за развој и финансии и на Одборот за урбанизам и станбено-комунални прашања. Бил активен член и во Социјалистичкиот сојуз на работниот народ на Македонија како најмасовна општествено-политичка организација во тоа време.
     
За претседател на Собранието на Социјалистичка Република Македонија Станко Младеновски е избран на заедничката седница на трите собора на Собранието што се одржа на 25 април 1985 година, со едногодишен мандат. Неговиот избор беше извршен едногласно, со јавно гласање на делегатите. На таа конститутивна седница, покрај другото, се расправаше за остварувањето на уставната улога на соборите на здружениот труд и по анализата за некои актуелни прашања во функционирањето и финансирањето на месните заедници.
     
Произлегувајќи од непосредното производство, од здружениот труд, Станко Младеновски во работата на Собранието особено се залагаше за побрз развој на стопанството, за подобрување на нормативната активност на тој план и за усогласување на законските решенија. Мандатот претседател на Собранието на СР Македонија му престана на 28 април 1986 година.



 

ВУЛНЕТ СТАРОВА

 

 

 

 

 
Значајно е веднаш да се нагласи дека Вулнет Старова, Албанец, како професор, општественик, доктор по медицински науки, е последниот претседател на делегатското собрание на Социјалистичка Република Македонија. На таа функција беше избран на конститутивната седница на Собранието од четвртото делегатско свикување на 28 април 1986 година, кога беа избрани и новите состави на Претседателството и на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија. Функцијата ја извршуваше до 8 јануари 1991 година, кога беше конституирано првото повеќепартиско собрание. Потоа работеше на Медицинскиот факултет, на Детската клиника, а извршуваше и професорска универзитетска дејност.
     
Почина на 5 август 1995 година.
  
Животниот пат на Вулнет Старова беше исполент со извонредно голема динамичност. Роден е на 6 мај 1934 година во Подградец, од каде што неговото семејство доаѓа во Скопје. Како лекар специјалист - педијатар и доктор по медицински науки бил вклучен во активноста на повеќе општествено-политички организации и во органите на власта. Покрај другото, бил делегат во Сојузниот собор на Собранието на СФРЈ, додека во Собранието на СР Македонија бил делегат од 1965 до 1969 година во Организационо-политичкиот собор.
     
Исто така, бил член на Претседателството на Синдикатот на општествените дејности, член на Статутарната комисија на Сојузот на комунистите на Македонија, член на ЦК на СКЈ, на Републичката конференција на ССНРМ и претседател на Секцијата за здравство. Извесно време ја извршувал и функцијата претседател на југословенската комисија за соработка со светската здравствена организација, а членувал и во југословенската комисија за УНИЦЕФ. Неколку години беше и командант на Републичкиот штаб за цивилна заштита.
     
Од 1974 до 1978 година Старова бил потпретседател на Извршниот совет на Собранието на СРМ. Напоредно со тоа членувал и бил секретар на Републичкиот секретаријат за здравство и социјална политика. Бил и претседател на Одборот за труд, здравство и социјална политика. Од 1978 до 1986 година бил делегат во Собранието на СФРЈ - Сојузниот собор.
     
Одликуван е со три ордена: Братство-единство со златен венец, за труд со црвено знаме и за заслуги за народ со сребрена ѕвезда. Како претседател на Собранието се залагаше засилено да се дејствува во подобрувањето на ефикасноста на Собранието, како највисок орган на власта во рамките на правата и должностите на Републиката и парламентарниот дом широко да се отвори по иницијативите и предлозите на сите учесници во делегатскиот собраниски систем.




ТИТО ПЕТКОВСКИ

     









 

Претседател на НСДП. Роден 1945 година во с. Псача - Крива Паланка, Р. Македонија. Македонец. Завршил Правен факултет со правосуден испит. Работел во Општинскиот суд во Крива Паланка, како правник во Републичкиот завод за урбанизам, во Извршниот совет на Собранието на Град Скопје, бил на функција во Градскиот комитет на СКМ - Скопје. Бил потпретседател на Собранието на РМ во првиот парламентарен состав, пратеник во трите претходни парламентарни состави, а од 1996 година до третите парламентарни избори и претседател на Собранието на РМ. Добро го знае францускиот, а се служи и со англискиот јазик. Живее во Скопје. 
     
Активности во Собранието

  • Национален совет за евроинтеграции, член
  • Комисија за транспорт, врски и екологија, претседател
  • Комисија за уставни прашања, член
  • Комисија за одбрана и безбедност, заменик член

     


 

Климовски Саво

 

 







Член на Демократски Центар. Проф. д-р Саво Климовски е роден во Скопје 1947 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје 1970 година, магистрирал 1975 година, а докторирал во Љубљана 1978 година од областа на правните науки.
 
По дипломирањето 1971 година е избран за асистент на Правниот факултет во Скопје, потоа за доцент, вонреден и сега редовен професор на факултетот.
     
Избран е за декан на Правниот факултет во Скопје во два мандатни периода, од 1992 година до 1996 година.
     
Бил член на Извршниот совет на Собранието на СРМ и претседател на Републичкиот комитет за образование, култура и физичка култура од 1986 до 1990 година. Бил претседател на Сенатот при Универзитетот "Св. Кирил и Методиј" - Скопје. Има објавено десет учебници, меѓу кои поважни се: Уставно право, Политички систем и Парламентарно право и над сто научни трудови од областа на правните науки. Основач е на Демократската алтенатива и член на најтесното раководство на партијата. Од 14.12.2001 е независен пратеник.
     
Од 19.11.1999 до 15.12.1999: Вршител на функција Претседател на Република Македонија.   


                                                            СТОЈАН АНДОВ

      

 

 

 



Роден е 1935 година во Кавадарци, Република Македонија; Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје, а магистрирал на Белградскиот универзитет;
     
Бил потпретседател на Републичкиот извршен совет, член на македонската делегација во Соборот на републиките и покраините и член на федералната влада во три мандати, каде се забележува неговата улога на преговарач во контактите на поранешна Југославија со експертите на ЕЕЗ (1971-1987 г.);

Се смета за извонреден познавач и експерт на економските прашања, како и политичар ориентиран кон пазарната економија; - Бил амбасадор на поранешна Југославија во Ирак (1987-1991 година).

- Основач е на Либералната партија на Македонија и како нејзин претседател ја водеше Либералната партија до спојувањето со поранешната ДП 1997 година, кога стана претседател на Советот на новоформираниот политички субјект;

- По обновувањето на Либералната партија на Македонија, беше избран за член на нејзиниот Извршен комитет;

- Избиран е за потпретседател на Либералната интернационала.
     
- На првите повеќе-партиски избори 1990 година, беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и стана претседател на Собранието во јануари 1991 година;

- На вторите повеќе-партиски избори 1994 година, повторно беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и за претседател на Собранието - должност што ја извршуваше до март 1996 година;

- Беше избран за пратеник во Собранието на Република Македонија и на последните избори (1998 година);

- Како пратеник, претседател е на Комисијата за монетарна и кредитна политика и банкарство на Собранието на Република Македонија;

- Беше кандидат за претседател на Република Македонија на претседателските избори 1999 година;

- На 30 ноември 2000 година беше избран за претседател на Собранието на Република Македонија.   



 

НИКОЛА ПОПОВСКИ

 


  
 


     
    

Роден на 24 Мај 1962 година во Скопје
     
Основно и гимназиско образование завршил во Скопје. Дипломирал на Економскиот факултет во Скопје. На истиот факултет магистрирал на тема "Економски основи на информациското општество".
     
Работел во Министерството за развој на Владата на Република Македонија. Од 1986 до 1990 година бил член на Собранието на град Скопје. Од 1992 година е пратеник во Собранието на Република Македонија. Бил претседател на Комисијата за надворешна политика, Комисијата за екологија, млади и спорт и Комисијата за финансирање и буџет во Собранието на Република Македонија. Од 1998 до 2002 година е координатор на Пратеничката група на СДСМ.
     
Член е на Парламентарното собрание на Советот на Европа од 1993 година, а во одреден период и шеф на македонската делегација. Членувал во повеќе комисии во Собранието на Советот на Европа во Стразбур.
     
Автор е на стручни трудови во домашни и меѓународни списанија. Објавил и две книги од економска и политичка проблематика.
     
Зборува англиски јазик.
На 07.11.2003 година е избран за министер за финансии.



 

ЉУПЧО ЈОРДАНОВСКИ


ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

 


Датум и место на раѓање:13 февруари 1953, Штип, Република Македонија

Брачен статус: Оженет, татко на три деца

Образование:

1975: Електротехнички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, дипломиран електротехнички инженер;
1976: Математички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, Катедра за применета математика;
1978: Електротехнички факултет, Загрепски универзитет, Загреб, Хрватска, магистерски труд;
1985: Катедра за градежништво на Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД, докторска дисертација;

Академски звања:

1998 - 2003: редовен професор при Сеизмолошката опсерваторија, Институт за физика на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети. Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1995 - 1999: редовен професор на Рударско-металуршкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Штип, Република Македонија;
1992-1995: вонреден професор при Сеизмолошката опсерваторија на Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети  Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1987- 1992: доцент при Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС), Универзитет "Свети Кирил и Методиј", Скопје, Република Македонија;
1978 – 1987: асистент при ИЗИИС - Скопје;
1982 – 1985: асистент на Катедрата за градежништво на Универзитетот на Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија;

Професионални ангажмани:

1992 - 2001: раководител на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет, Универзитет "Свети Кирил и Методиј";
1978 – 1991: истражувач, Оддел за регионални сеизмички студии, ИЗИИС – Скопје;

Специјализации:

1979: Дамес анд Мооре, Лондон, Обединето кралство;
1982: Шестмесечна стипендија на УНЕСКО на Одделот за земјотресно инженерство при Катедрата за градежништво на Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
1996: Едномесечна обука при Кинеметрицс Инц., Пасадена, Калифорнија, САД;
Експертски и консултантски мисии:

1988: Двомесечен престој во Мексико Сити, по земјотресот во 1985 во Мичоакан (Мексико);
1987-1989: Член на националната работна група Таск Гроуп 1 (ТГ1); земјотресен каталог, изосеизмички мапи и банки на податоци за силни земјотреси;
1991: Тримесечен престој како визитинг професор на Катедрата за градежништво при Универзитетот Јужна Калифорнија, Лос Анџелес, Калифорнија, САД;
1991: Едномесечен ангажман како консултант на УНЦХС-Хабитат ИРА/90/004,
1990 Манјил (Иран);
Политички ангажмани:

1991-1995: Член на Претседателството на СДСМ;
1995-1999: Член на Централниот одбор на СДСМ;
1999- 2003: Член на Претседателството на СДСМ и на Меѓународниот комитет на СДСМ;
2002: Пратеник и претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата;
2003: Претседател на Собранието на Република Македонија;

07.03.2004 - 12.05.2004: Вршител на функција Претседател на Република Македонија.
 


ЉУБИША ГЕОРГИЕВСКИ 

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОБРАНИЕТО НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА








    
 
Љубиша Георгиевски е роден на 30 мај, 1937 година во Битола, Република Македонија. Дипломирал на “Академијата за театар, филм, радио и телевизија”, група “Театар и радио режија” во Белград, 1974 година.

Љубиша Георгиевски е театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по Театарска режија и актерска игра на “Факултетот за драмски уметности” во Скопје.

Бил визитинг професор по онтологија и феноменологија на театар на универзитетите Southern California во Лос Анџелес и University of Texas at Dallas, во САД.

Љубиша Георгиевски е општествен работник, журналист и полиглот. Досега има издадено повеќе од десет книги. Како филмски режисер има режирано четири филмови. Како журналист има напишано преку 200 авторски колумни во дневниот весник “Дневник”.
 
Како режисер работел во Лос Анџелес и Далас, во Полска, Романија, Италија, Хрватска, Србија, Бугарија, а неговите текстови и претстави се прикажуваат во Москва, Виена, Париз, Варшава, Будимпешта, Букурешт, Лоѓ, Софија, Белград, Загреб, Трст...   Во 1994 година беше претседателски кандидат на ВМРО - ДПМНЕ.

Од 2000 до 2004 година бил вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија. Говори англиски, француски, италијански, руски, бугарски, а се служи и со словенечки, полски, романски јазик. Живее во Скопје.


Click