Димитар Стевананџија
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 3.10.1976 во Прилеп. Македонец. Дипломиран професор по македонски јазик, Филолошки факултет „Блаже Конески“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член
- Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, член
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за образование, наука и спорт, член
- Комисија за локална самоуправа, член
- Комисија за уставни прашања, заменик-член
- Делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ПС ОБСЕ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Албанија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Холандија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Кралството Шпанија, член