Ермира Мехмети
Член на ДУИ. Родена на 6.10.1979 во Скопје. Албанка. Има завршено правни науки, Универзитет на Југоисточна Европа, Тетово; магистер по компаративна политика, Лондонска школа за економија и политички науки.
Активности во Собранието:
- Комитетот за односи меѓу заедниците, член
- Национален совет за евроинтеграции, член
- Комисија за европски прашања, претседател
- Законодавно-правна комисија, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за надворешна политика, заменик-член
- Комисија за образование, наука и спорт, заменик-член
- Делегација во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), шеф на делегација
- Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, член