Ернад Фејзула
Член на ДПА. Роден на 1.9.1966 во Тетово. Албанец. Дипломиран електроинженер, Технички факултет - Приштина.
Активности во Собранието:
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, претседател
- Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, член
- Комисија за надзор над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, член
- Комисија за надзор над спроведувањето на мерките за следење на комуникациите од страна на Министерството за внатрешни работи и од Министерството за одбрана, член
- Делегација во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), член
- Делегација во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација, со статус на придружна делегација (ПС НАТО), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Австрија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Ирска, член