Илија Димовски
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 10.8.1980 во Велес. Македонец. Дипломиран правник, Правен факултет, Скопје.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, потпретседател
- Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, член
- Совет на Собраниски канал, член
- Законодавно-правна комисија, заменик-член
- Комисија за финансирање и буџет, заменик-член
- Делегација во Интерпарламентарната унија (ИПУ), член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Австралија и со Парламентот на Нов Зеланд, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Бугарија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, член