Лилјана Затуроска
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 6.9.1964 во Битола. Македонка. Дипломиран инженер архитект, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Национален совет за евроинтеграции, заменик-член
- Совет на Собраниски канал, заменик-член
- Анкетна комисија за скандалот со прислушкувањето, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Комисија за транспорт, врски и екологија, член
- Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, заменик-член
- Комисија за култура, заменик-член
- Делегација во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Португалската Република, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Хрватска, член