Светлана Јакимовска
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Родена на 8.6.1956 во Скопје. Македонка. Дипломиран правник, Правен факултет „Јустинијан I“, Универзитет „Св.Кирил и Методиј“, Скопје.
Активности во Собранието:
- Буџетски совет на Собранието на Република Македонија, член
- Комисија за оценување на основаноста на Предлогот за покренување постапка за утврдување одговорност на претседателот на Република Македонија, член
- Законодавно-правна комисија, претседател
- Комисија за уставни прашања, член
- Комисија за прашања на изборите и именувањата, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Црна Гора, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Полска, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Словачката Република, член