Владимир Ѓорчев
Член на ВМРО-ДПМНЕ. Роден на 31.8.1978 година во Скопје. Македонец.
Активности во Собранието:
- Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците, претседател
- Комисија за уставни прашања, член
- Комисија за одбрана и безбедност, член
- Комисија за надворешна политика, заменик-член
- Комисија за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, заменик-член
- Делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ПС ОБСЕ), член
- Делегација на Собранието на Република Македонија во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација, член
- Делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), заменик-член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на САД, претседател
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Италија, член
- Пратеничка група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, член