Четврток, 29 септември 2011 година

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ ОСТВАРИ СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ВЛАДАТА НА РЕПУБЛИКА ТУРЦИЈА, Г. РЕЏЕП ТАИП ЕРДОГАН

На самиот почеток на средбата претседателот Вељаноски искажа задовоство од средбата и се осврна на традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете држави. Во оваа смисла тој искажа благодарност за доследната и конструктивна поддршка на Турција и за солидарноста со Македонија во рамките на евроатлантските интеграции, а особено за принципиелната употреба на уставното име на нашата земја во билатералните односи и на меѓународен план.



Среда, 28 септември 2011 година

ПРОТОКОЛАРНИ СРЕДБИ НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ ВЕЉАНОСКИ СО НОВОИМЕНУВАНИТЕ АМБАСАДОРИ НА КАНАДА И НА РЕПУБЛИКА АЗЕРБЕЈЏАН

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, оствари средба со новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Канада, Н.Е. Роман Вашчук, како и средба со новиот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Азербејџан, Н.Е. Фаиг Багхиров



Понеделник, 19 септември 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со членот на Европскиот парламент и известувач за Република Македонија, г. Ричард Ховит

На почетокот на средбата, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, направи кратка ретроспектива на настаните и постигнувањата на Собранието на Република Македонија во изминатиот период. Тој најпрво ги истакна позитивните постигнувања на Собранието во изминатите две години кои му донесоа позитивна оценка на Собранието во Извештајот за напредокот на Република Македонија, а кои придонесоа и за вкупните позитивни оценки за Република Македонија



Четврток, 15 септември 2011 година

Претседателот Вељаноски оствари средба со потпретседателот на Постојаниот Комитет на Народниот Конгрес на Народна Република Кина г. Санг Гуовеи

На средбата беа присутни и членови на Постојаниот комитет на Народниот Конгрес на Народна Република Кина: г. Сун Веншенг, г. Рен Маодонг, г. Џанг Баиџиа и г. Ли Џианг, а од македонската страна присуствуваа координаторите на пратеничките групи: г-ѓа Силвана Бонева, г. Талат Џафери, г. Игор Ивановски, г. Горан Мисовски, г. Рејхан Дурмиши и пратениците г. Антонио Милошоски, г. Александар Спасеновски, г. Гордан Георгиев и г. Менде Диневски.



Среда, 14 септември 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со новоименуваниот американски амбасадор во Република Македонија, Н.Е. Пол Волерс

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, денеска го прими новоименуваниот амбасадор на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н.Е. Пол Волерс. На средбата, претседателот Вељаноски искажа задоволство од постигнатото ниво на пријателски односи меѓу двете држави и од поддршката која Соединетите Американски Држави ѝ ја даваат на Република Македонија.

Тој искажа убедување дека досегашната успешна комуникација и соработка ќе бидат дополнително унапредени во периодот кој следи, како во однос на продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји, така и во однос на други прашања значајни за двете страни.

Амбасадорот Волерс ја потенцираше подготвеноста на Соединетите Американски Држави да продолжи во заложбата за поддршка на Република Македонија.

 



Четврток, 8 септември 2011 година

Средба на претседателот Вељаноски со поранешните претседатели на Собранието на Република Македонија и претседателот, членовите и замениците-членови на Комисијата за спроведување на референдумот 1991 година

Претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски, по повод 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, оствари средба со поранешните претседатели на Собранието на Република Македонија, г. Стојан Андов, г. Саво Климовски и г. Љубиша Георгиевски; со претседателот на Комисијата за спроведување на референдумот 1991 година, г. Никола Коневски и членовите и замениците-членови на Комисијата, г-ѓа Евица Димовска, г. Александар Бошњаковски, г. Ведат Вели, г. Агим Мифтари и г. Димитар Велков

Click