Социјал-демократски сојуз на Македонија


1998 - 2002



 

                                                        Ангеловски Милојко
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд.
     
  
   Роден 1945 година во с. Градец, Крива Паланка, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет, магистер по економски науки. Бил финансов директор на Економскиот сектор во Рудникот "Тораница" Крива Паланка и претседател на Советот на општина Крива Паланка. Сега е генерален директор на Рудници "Бентомак" Крива Паланка. Добро го знае англискиот јазик. Живее во Крива Паланка.

Антова Велевска Магдалена

 

                                                     Бузлевски Димитар
 
 


    
 
 

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Во рамките на професионалното партиско ангажирање бил потпретседател на Владата на Република Македонија до 1998 година и министер за сообраќај и врски во претходниот состав на Владата на Република Македонија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Албанија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Полска.
     
  
   Роден 1952 година во с. Јанкоец, Ресен, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Покрај професионалното партиско ангажирање работел и во Претпријатието "Агроплод" Ресен. Се служи со францускиот јазик. Живее во с. Јанкоец, Ресен.
     





    
 
  
 



  
 
 







                                            Гештаковски Александар
 
 


    
 
  
  

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и член на Централниот одбор и на Претседателството на СДСМ.
     
  
   Претседател на Комисијата за труд и социјална политика при Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Бугарија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Ирска.
     
  
   Роден 1950 година во Ресен, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Работел како правник во Општинскиот суд во Ресен, бил секретар на Стопанска банка - Ресен. Бил член на Извршниот совет на општина Ресен. Бил генерален директор на "Македонски телекомуникации и пошти". Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во двата претходни мандата. Живее во Ресен.



 

                                                              Ѓоргиев Ванчо
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Југославија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Италија.
     
  
   Роден 1953 година во Кочани, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Вработен во Претпријатието "Деликатес" Кочани. Се служи со англискиот јазик. Живее во Кочани.



 

                                                      Ѓоргиев Илија
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Бил претседател на Соборот на здружениот труд и на Собранието на општина Неготино. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија.
     
  
   Роден 1949 година во Кавадарци, РМ. Македонец. Завршил Машински факултет. Генерален директор на Фабриката за кабли "Неготино". Живее во Неготино.



 

                                                      Иванов Мирко
 
 


    
 
  

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Претседател на Советот на општина Делчево. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција.
     
  
   Роден 1948 година во с. Бигла, Делчево, РМ. Македонец. Завршил Виша техничка школа. Работел како погонски инженер во произвотство, бил директор на претпријатие. Се служи со францускиот, српскиот и бугарскиот јазик. Бил пратеник на СДСМ во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Делчево.



 

ИЛОСКИ ИЛИЈА 

 



 

 



Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и член на Претседателството на Партијата.

Роден 1958 година во с. Велмеј, Охрид, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Бил генерален директор на "ЕМО" во Охрид и генерален директор на Царинската управа на Република Македонија. Добро го знае рускиот, а се служи и со англискиот јазик. Живее во Охрид.
     



 

 

ЈАНИ МАКРАДУЛИ

 

 

 

 

Член на СДСМ, роден е на 28.03.1965 година во Битола. Основно и средно образование завршил во Скопје, а дипломирал на Електро-техничкиот факултет во Скопје. Постдипломските студии ги започнува во Белград  и во 1994 година магистрира во Скопје.



 

                                                            Китаноски Лазар
 
 


    
 
  



 Роден 1948 година во Охрид, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет, доктор по правни науки. Професор на Правниот факултет. Се служи со францускиот јазик. Живее во Скопје.

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) и член на Претседателството на Партијата. 
Бил член на Владата на Република Македонија и министер за одбрана.

Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Бугарија. 

     



 

                                                     Ковачески Стојан
 
 


    
 
  
 

 

 Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Бил претседател на Општинскиот синдикален совет - Струга, член на Сојузниот одбор на Синдикатот за здравство. Член на Централниот одбор на Претседателството на СДСМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Руската Федерација. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија.
     
  
   Роден 1941 година во Струга, РМ. Македонец. Завршил Медицински факултет, специјалист по интерна медицина. Работел како лекар на село, бил директор на Заводот за нефрологија во Струга, каде што сега работи како специјалист по интерна медицина, односно нефрологија. Добро го знае рускиотот јазик, а се служи и со францускиот јазик. Бил пратеник на СДСМ во Собранието на РМ и во претходните два мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Струга.



 

                                             Митевски Драган
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Делегат во Советот на општина Куманово. Член на Претседателството на Сојузот на синдикатите на Република Македонија. Бил член на Општинскиот комитет на СКМ и член на Општинскиот синдикален совет. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Албанија. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција.
     
  
   Роден 1949 година во с. Отошница, Крива Паланка, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Работел како правен референт во Собранието на општина Куманово, потоа бил правен референт во Автотранспортното претпријатие "Југ-Турист" во Куманово. Бил секретар во Шумското стопанство во Куманово, по што е назначен за принуден управник на фабриката "Диер". Извесен период бил претседател на Општинскиот суд за прекршоци. Сега е директор на Трговското друштво "Миткомерц-94" во Куманово. Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник на СДСМ во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Куманово.
     
  
   





                                                           Настески Кирил
 
 


    
 
  
  


 Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Член на Претседателството на општинската организација на СДСМ на Прилеп. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Франција. Претседател на Комисијата за одбележување на значајни настани и личности на Собранието на РМ.
     
  
   Роден 1941 година во Прилеп, РМ. Македонец. Завршил Архитектонски факултет. Во Собранието на општина Прилеп работел како урбанистички инспектор, бил шеф на Одделението за станбено - комунални работи, во два мандатни периоди бил секретар на Секретаријатот за урбанизам, градежништво и станбено-комунални работи. Бил началник на Одделението за просторно и урбанистичко планирање, како и одговорен за урбанистичко-комуналното уредување во органите на локалната самоуправа. Бил член на Извршниот совет на Собранието на општина Прилеп. Во претходниот состав на Владата на Република Македонија бил заменик на министерот за урбанизам, градежништво и заштита на животната средина. Се служи со францускиот и рускиот јазик. Живее во Прилеп.
     



                                                       

                                                           
                                                                    Пајкоски Латиф
 
 


    
 
  
  


Член на Социјал-демократскиот сојуз (СДСМ).
     
  
   Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција. Член на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот при Собранието на РМ.
     
  
   Роден 1957 година во с. Жировница, Ростуше, РМ. Македонец. Завршил средно образование - гимназија. Директор на Друштвото со ограничена одговорност "Бреза ЛП" во с. Жировница. Живее во с. Жировница.



 

 

Петковски Тито 
  

 

 

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) од неговото основање. 
      
Поседува долгогодишно политичко искуство во законодавната власт и во политичката партија. Во еден период бил координатор на пратеничката група на СДСМ. Поседува долгогодишно искуство на раководни функции во општествено-политички организации. Бил делегат во Собранието на општина Карпош, Скопје, делегат и потпретседател на Собранието на Град Скопје. Член на Комисијата за уставни прашања при Собранието на РМ и член на Советот на Интерпарламентарната унија. Бил потпретседател, а во 1996 година и претседател на Собранието на РМ. Член на Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот на Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Грција и на пратеничката група за соработка со парламентите на Кралството Норвешка, Република Финска, Кралството Шведска, Кралството Данска и Република Исланд. 
      
Роден 1945 година во с. Псача, Крива Паланка, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Работел во Општинскиот суд во Крива Паланка, а потоа и во Републичкиот завод за урбанизам, станбени и комунални дејности. Добро го знае францускиот, а се служи и со англискиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ и во претходните два мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.
     



 

                                                    Поповски Љубомир
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Бил претседател на Комисијата за одбрана и внатрешна политика при Собранието на РМ од 1990 до 1998 година. Бил координатор на пратеничката група на СДСМ од 1994 до 1998 година. Член на Советот на Интерпарламентарната унија и член на Советот на ОБСЕ и на земјите од Европската унија. Претседател на Комисијата за надзор на работата на Дирекцијата за безбедност и контраразузнавање и Агенцијата за разузнавање при Собранието на РМ од 1999 година. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Интерпарламентарната унија. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Собранието на Западноевропската унија. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Словенија.
     
  
   Роден 1951 година во Битола, РМ. Македонец. Завршил Факултет за политички науки. Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1990 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.



Поповски Никола

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).

Член на Централниот одбор и Претседателството на СДСМ. Координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието на РМ. Претседател на Комисијата за финансирање и буџет при Собранието на РМ. Член на делегацијата на Собранието на РМ во Парламентарното собрание на Советот на Европа. Претседател на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Ирска.

Роден 1962 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Економски факултет. Бил вработен во Министерството за развој и во Владата на Република Македонија, а од 1990 година е професионално партиски ангажиран. Добро го знае англискиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1992 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Скопје.




ЃОРЃИ СПАСОВ     

 

 

 

 

 

Член на СДСМ Роден 1949 година во Неготино, РМ. Македонец.
Доктор по политички науки. Работел во Институтот за социолошко-правни истражувања.
Научен соработник на Универзитетот до 1994; Потоа редовен професор.
Амбасадор на РМ во Р. Бугарија (1994-1997); министер за правда (1997-1998). Бил пратеник и во претходниот состав на Собранието на РМ. Добро зборува англиски јазик. Живее во Скопје.



 

 
                                                        Стојановски Наќе
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Член на Комисијата за уставни прашања при Собранието на РМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Хрватска.
     
  
   Роден 1950 година во с. Растојца, Крушево, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет. Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во двата претходни мандати од 1991 до 1994 и од 1994 до 1998 година. Живее во Демир Хисар.



                                         


                                                          Стојковски Благој
 
 


    
 
  
  


 Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). 
      
   
  Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Хрватска. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Монголија. 
      
   
  Роден 1944 година во Куманово, РМ. Македонец. Завршил Електротехнички факултет. Се служи со францускиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во мандатниот период од 1994 до 1998 година. Живее во Куманово.
     



                                              Тодоров Ристо 
  
 


     
 
   
 





  Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Бил претседател на младинска организација во средно училиште и член на студентски организации.
     
  
   Роден 1957 година во Скопје, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет, со положен правосуден испит. Работел како правен референт во Земјоделскиот комбинат "Анска река" Валандово, каде што бил директор на правниот сектор, потоа стечаен управник. Сега е генерален директор на Комбинатот. Живее во Валандово


 

                                                   Трајковски Танас
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Роден 1950 година во с. Дрслајца, Струга, РМ. Македонец. Завршил средно техничко училиште - машинска насока. Директор на Акционерското друштво "Илинден" Струга. Живее во Струга.
     
  
   



 

                                                          Трповски Борислав
 
 


    
 
  
  


Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
  
   Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Сојузна Република Германија.
     
  
   Роден 1951 година во Тетово, РМ. Македонец. Завршил Правен факултет, со положен правосуден испит. Бил професор во Државното средно училиште во Тетово, по што се вработува во Текстилниот комбинат "Тетекс". Сега е заменик на генералниот директор на Акционерското друштво "Тетекс" Тетово. Живее во Тетово

                                                                                                 Таки Фити

 

 

Ханџиски Благој 

 

 

 

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). 

Бил член на Централниот комитет на СКМ и СКЈ од 1988 до 1990 година. Генерален секретар на СДСМ од 1993 до 1995 година. Потпретседател на СДСМ од 1995 до 1998 година. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство Велика Британија и Северна Ирска.

Роден 1948 година во с. Владимирово, Берово, РМ. Македонец. Завршил Електротехнички факултет, доктор по електротехнички науки. Работел како електроинженер во Рудници и железарница Скопје. Бил вработен во Трговското претпријатие "Славија" Скопје. Од 1973 година е вработен на Електротехничкиот факултет како редовен професор. Добро го знае англискиот јазик, а се служи со францускиот и рускиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ во мандатот од 1990 до 1994 година. Живее во Скопје.
     



Црвенковски Бранко 

 

 

 

 

 

 

Член и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ).
     
Бил премиер на Владата на Република Македонија од 1992 до 1998 година.
     
Роден 1962 година во Сараево, БиХ. Македонец. Завршил Електротехнички факултет. Бил вработен во "СЕМОС", по што професионално се ангажира во политиката. Добро го знае англискиот јазик. Бил пратеник во Собранието на РМ од 1990 до 1992 година. Живее во Скопје.




                                                          Чифлиганец Ванчо 
  
 


     
 
   
  





Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). 
      
Член на Централниот одбор на Партијата. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Парламентот на Република Турција.
     
  
   Роден 1955 година во Радовиш, РМ. Македонец. Завршил Технолошки факултет, доктор по технолошки науки. Бил генерален директор на Рудници "Бучим" Радовиш, а сега е генерален менаџер. Истовремено е и професор на Рударско-технолошкиот факултет во Штип. Се служи со рускиот и англискиот јазик. Бил пратеник на СДСМ во Собранието на РМ и во претходниот мандат од 1994 до 1998 година. Живее во Радовиш.


Шеќеринска Радмила 
 

 

 

 

 

 

 

Член на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). 
     
Била потпретседател и претседател на Социјалдемократската младина. Потпретседател на Централниот одбор и член на Претседателството на СДСМ. Портпарол на СДСМ. Член на пратеничката група на Собранието на РМ за соработка со Европскиот парламент. 
     
Родена 1972 година во Скопје, РМ. Македонка. Завршила Електротехнички факултет и работи како помлад асистент на Електротехничкиот факултет. Добро ги знае англискиот и францускиот јазик. Живее во Скопје.

Click